Каква личност сте според вашите потрошувачки навики?

Дали некој може да открие каква личност сте доколку ги погледне вашите потрошени сметки? Одговорот на ова прашање е да!

(1) kakva-lichnost-ste-spored-vashite-potroshuvachki-naviki

Според едно ново истражување објавено во списанието Психолошка наука, истражувачите анализирале над 2 милиони податоци, кои вклучувале повеќе од 2.000 луѓе со цел да откријат дали одреден тип личности трошат пари на одредени работи. Социјалните истражувачи на секој учесник му направиле тест за личност и ги прегледале сите сметки за што им требало неколку недели. Тие откриле дека сите трошат пари на материјални работи како храна и домашни работи, но сето тоа било нормална потрошувачка која ги претставувала нашите приоритети.

„Сега кога поголемиот дел од луѓето трошат пари по електронски пат со кредитни картички, можеме полесно да ги изучиме овие обрасци“, изјавил Џо Гладстон, професор по потрошувачко однесување на универзитетскиот колеџ Лондон, и еден од главните истражувачи. „Нашите сметки за прв пат можат да го одредат карактерот на личноста според нејзината потрошувачка“.

Според резултатите, луѓето можат да се поделат во 5 категории. Дознајте нешто повеќе за оваа поделба како и што кажува тоа за карактерот.

Патувања: Личностите кои трошат најмногу пари на патувања се поотворени за нови искуства.

Пиење и излегување на вечера: Обично ова се социјални искуства, па затоа личностите што преферираат вака да го трошат поголемиот дел од парите се екстроверти.

Инвестирање во заштеди: Дали поголемиот дел од парите ги ставате во заштедата? Ако е така, тогаш вие сте внимателна и одговорна личност според ова истражување. Одговорните и внимателни личности не покажале некое големо потрошувачко однесување освен за најосновните работи.

Добротворни и невладини организации: Донирањето често се поврзува со пријатна, љубезна и лежерна личност. Овде нема никакво изненадување.

Непотребни работи: Оние кои трошат многу пари на облека или накит, големи се шансите да бидат невротични, ова се однесува на луѓе кои имаат тенденција да искусат анксиозност, негативни чувства и осаменост.

Истражувачите исто така забележале дека луѓето кои се оцениле самите дека имаат самоконтрола, навистина трошеле помалку на провизии, додека невротичните луѓе трошеле помалку на кредити, бидејќи најверојатно овие луѓе мислат на краткорочен план. Овие резултати биле исти кај сите личности без разлика на годините и примањата.

Доколку не ви се допаднаа резултати што вашата потрошувачка ги открива за вас, не паничете, земете воздух и приземјете се. Овие истражувања посочуваат дека е важно да се размислува внимателно за тоа како потрошувачката се одразува на вредностите. На пример, доколку ги цените патувањата, но парите ги трошите на материјални работи, можеби треба да размислите кои се вашите приоритети и правилно да го насочите вашето трошење.

За да ја насочите вашата потрошувачка кон работи кои ви значат, потребно е да направите план, и да одвоите време за да се фокусирате на финансиите. Можете да разговарате со вашите пријатели за пари или да ги запишете некаде вашите цели, за да можете полесно да ги остварите.

Доколку забележите дека сè уште ги трошите парите на непотребни работи, поставете рутина на која ќе можете секогаш да се навраќате кога ќе скршнете од вашите цели. Мора да дознаете кој начин ви одговара најмногу, бидејќи лутањето наоколу може да доведе до откажување. Кога ќе имате цврста основа, точно ќе знаете што треба да направите за да се вратите на вистинскиот пат.

Се пронајдовте кај патувачите? Прочитајте ги и овие 5 причини зошто е добро да ги потрошите сите пари на патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар