Како правилно се пишува буквата „Х“?

На интернет владее жолчна расправа околу вистинскиот начин на кој се пишува буквата „Х“. Илјадници луѓе се впуштија во оваа сосема бесмислена расправа, а повеќето велат дека само еден начин е правилен.

Погледнете ја сликата на која се прикажани осум начини на кои може да се напише оваа буква. Сега веројатно повеќето од вас се шокирани од сознанието дека постои повеќе од еден начин – својот.

Како правилно се пишува буквата „Х“?

Со црна боја е првиот потег, а со другите бои е означен вториот потег при пишувањето.

Погледнете некои од коментарите на корисниците.

„Во шок сум што постојат повеќе начини да се напише буквата Х“.

„Па кој не ја пишува на начинот број 7?“

„Јас ја пишувам на начинот под број 8.“

„Јас сум левак и пишувам на начинот број 7. Има ли тоа некаква поврзаност?“

„Луѓето кои ја пишуваат на некои од другите начини се истите оние кои ја ставаат тоалетната хартија на држачот на погрешната страна.“

„Сѐ на сѐ, само мојот начин е правилен.“

Има и такви кои им се закануваат на своите пријатели:

 „Ако ја пишуваш поинаку од број 7, веќе не сме пријатели.“

Договор секако не е постигнат. И навистина, ова е бесполезна расправа, но кој од нас барем еднаш во животот не учествувал во некоја ваква, само поради забава?!

Па, како вие ја пишувате оваа буква?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар