Како навистина изгледале нашите предци?

Како навистина изгледале нашите предци?

Секој сака да знае како изгледале древните луѓе. Иако имаме многу портрети од нив, тие нè ни даваат реален приказ бидејќи ја гледаме само перспективата на уметникот. Во поголемиот број случаи, единственото нешто што ни останало од нашите предци се нивните коски. Благодарение на наредната технологија, денешните научници можат да го рекреираат изгледот на овие луѓе. Тие користат форензичка реконструкција на лице и го креираат лицето според структурата и анатомијата на черепот. Во продолжение погледнете некои од најпознатите реконструкции на нашите предци.

1. Неолитски човек

Како навистина изгледале нашите предци?

Овој маж живеел во периодот на Неолитот. Бил закопан пред околу 5.500 години на територијата на денешна Велика Британија. Овој маж бил роден 500 години пред да се постави првиот камен на Стоунхенџ и имал помеѓу 25 и 40 години.

2. Ава, жената од Бронзеното време

Како навистина изгледале нашите предци?

Жената што ни е позната како Ава умрела пред околу 3.700 години. Нејзините остатоци биле пронајдени во Шкотска во гроб издлабен во карпа. Шкотскиот археолог Маја Хул и форензичкиот уметник Хју Морисон успеале да го рекреираат нејзиниот изглед.

3. Тутанкамон

Како навистина изгледале нашите предци?

Фараонот на древниот Египет е најпознатата личност од историјата на Египет и владеел од 1332 до 1323 година п.н.е. Го наследил тронот на 10-годишна возраст и умрел пред неговиот 20-ти роденден. Благодарение на темелното истражување и компјутерската томографија на неговата мумија во 2005-та година, светот можете да го види рекреираниот изглед на младиот крал.

4. Девојче од древна Грција

Како навистина изгледале нашите предци?

Ова девојче живеело во Атина и умрело на 11-годишна возраст околу 430-та година п.н.е. Во овој период грчката цивилизација минувала низ својата „златна доба“.

5. Гај Јулиј Цезар

Како навистина изгледале нашите предци?

Националниот музеј за антиквитети во Холандија создал реконструкција на познатиот римски лидер. Научниците скенирале мермерна биста од колекцијата на музејот. Изгледа дека не сме го замислувале лидерот како што навистина изгледал.

6. Маж кој загинал во Помпеја

Како навистина изгледале нашите предци?

На 24-ти август 79-та година, ерупцијата на Везув го уништи древниот град Помпеја. Според некои извори, загинале помеѓу 16.000 и 20.000 луѓе поради катастрофата. Лицето на овој маж е рекреирано благодарение на рендгенски снимки и неговиот череп. Научниците го нарекле „непознат маж“ бидејќи не можеле да го идентификуваат неговиот социјален статус, ниту пак можеле да откријат нешто за неговиот живот.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар