Како функционираат контрацептивните апчиња?

Апчињата за контрацепција се еден од најпопуларните методи за спречување на бременоста. Кога се користат правилно, тие се 99,7% ефективни. Па, како всушност функционираат?

2. na-koj-nachin-funkcioniraat-kontracep

Апчињата за контрацепција се синтетички стероидни хормони, кои обично содржат еден (прогестин) или два (прогестин и естроген) хормона. Овие хормони го потиснуваат ослободувањето на фоликуло-стимулирачкиот (ФСХ) и лутеинизирачкиот хормон (ЛХ) од хипофизата на женското тело. ФСХ и ЛХ нормално го поттикнуваат ослободувањето на естрогенот од јајниците, што се претвора во овулација – ослободување на зрели јајце-клетки. Меѓутоа, кога ФСХ и ЛХ се потиснати, шансите за овулација, а со тоа и оплодувањето на сперматозоидите, се значително намалени. Апчињата за контрацепција кои содржат само прогестин, предизвикуваат стеснување на слузта во грлото на матката, што го отежнува процесот на оплодување.

Додека апчињата за контрацепција најчесто се користат за спречување на бременост, можат да се користат и за ублажување на симптомите поврзани со менструацијата. Ова е затоа што контрацепционите апчиња ги намалуваат нивоата на простагландините во телото. Простагландините се супстанци кои предизвикуваат мускулите во матката да се стегаат, предизвикувајќи понекогаш интензивни и болни грчеви.

Дознајте и како луѓето порано се заштитувале од несакана бременост.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар