Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

Една од најпопуларните програми, особено во фирмите и образовните институции е Microsoft Word. Ако често се применува и во вашата канцеларија, разубавете го работниот ден и направете мала шега на сметка на колегите, со тоа што малку ќе им ги изместите опциите во оваа апликација. Услов е да имате пристап до компјутерот на оној со кој сакате да се пошегувате, а исто така, морате да знаете и како да ги вратите поставките во првобитната состојба…

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

1. Обојте го текстот во бело

Наједноставниот трик со кој ќе го збуните вашиот колега е да ја смените бојата на фонтот во бела. На овој начин буквите нема да се читаат на мониторот. Ако вашиот колега работи на нов документ, најпрво зачувајте резервна копија од него, па потоа променете ја бојата. Тоа ќе го сторите ако кликнете на делот за менување на фонтот (Font), па ја селектирате белата боја и на крајот изберете Set as Default.

Ова за кусо ќе го избезуми вашиот колега, бидејќи што и да пишува, документот ќе изгледа празен. Буквите воопшто нема да се забележуваат. Кога ќе завршите со шегата, повторете ја истата процедура, но овој пат, вратете ја црната боја. 🙂 За да го изведете ова побрзо и полесно, следете ги нашите упатства на фотографиите.

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

2. Автоматско менување на зборовите во текот на пишувањето

Друга шега која можете да ја направите во Word е преку прилагодување на опцијата AutoCorrect. Познато ви е дека програмата може автоматски да ги менува зборовите во нивната правилна форма, па затоа ако често грешите еден ист збор, таа може да игра улога на ваш личен коректор при пишувањето.

На овој начин можете да направите и одреден збор да се претвора во сосема друг. Идеално за шега, нели? Тоа ќе го сторите доколку одите во File –> Options –> Proofing –> AutoCorrect Options.

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

Во AutoCorrect напишете го зборот кој сакате да се претвори во некој друг. За да ви успее шегата, тоа треба да биде најчесто применуваниот збор од страна на вашиот колега. Кога конечно ќе го изберете и напишете, кликнете Add, па OK.

Во нашиот пример, секој пат кога колегата ќе испише „Соопштение“ и ќе стисне SPACE, зборот ќе се претвори во „Јас сум магаре!“. 🙂

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

Кога шегата ќе биде готова и ќе сакате да вратите сè по старо, повторно одете во прилагодувањата, пронајдете го зборот кој сте го замениле и кликнете на Delete.

Како да се пошегувате со вашиот колега додека користи Word?

Предупредување: Немојте да избирате збор кој вашиот колега би го пишувал во иднина, бидејќи можно е да заборавите на промената која сте ја направиле и да предизвикате сериозни проблеми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар