Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Сте подготвиле нешто ароматично и сте сакале да ви биде спремно јадењето за наредниот ден, па сте го ставиле во пластичен сад. Храната сте ја изеле, садот е измиен, но упорната миризба останала. Во продолжение дознајте како ефикасно да се ослободите од мирисот од пластичните садови.


Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Сода бикарбона

Направете смеса од сода бикарбона и вода. Истругајте ја внатрешноста со смесата и оставете да отстои еден ден. Потоа исплакнете го садот, но доколку сè уште мириса, повторете ја постапката.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Сок од лимон

Сокот од лимон е природно средство за чистење. Само измијте го садот со овој сок или пак стругајте го садот со кора лимон за да се ослободите од непријатната миризба.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Кафе

Истурете кафе во садот, затворете го и оставете така сè додека не исчезне миризбата.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Весник

Весниците можат да ја впијат непријатната миризба. Свиткајте неколку страници, ставете ги во садот и затворете го. Оставете го така ден-два и миризбата ќе исчезне.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Активен јаглен

Ставете неколку таблети активен јаглен во садот и нека стои затворен сè додека не ја снема миризбата.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Сол

Сипете сол додека не се прикрие дното на садот. Потоа исперете го садот и ќе биде спремен за употреба.

Како да се ослободите од непријатната миризба на пластичните садови?

Погледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар