Како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?

Како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?

Верувале или не, некои животински видови можат да бидат левораки или деснораки, па дури и двете. А, сега можете и да ги тестирате вашето куче или вашата мачка.

Како да препознаете дали вашите домашни миленичиња се левораки или деснораки?

Според едно истражување од 1991 година на Универзитетот „Ататурк“ во Турција, 50% од мачките се деснораки, 40% се левораки, а 10% ги користат двете шепи подеднакво.

Исто така, слично истражување бело спроведено на Универзитетот во Манчестер, кое покажало дека половина од кучињата во Англија се деснораки, а половина левораки.

Со помош на овие неколку едноставни тестови ќе утврдите која шепа најчесто ја користи вашето домашно милениче:

1. Ако сте го научиле кучето да ви подаде шепа, обрнете внимание која шепа обично ви ја подава.

2. Ставете малку храна во плишана играчка, а потоа ставете ја во центарот на видното поле на кучето. Обрнете внимание со која шепа најпрво ќе посегне по играчката, но и со која шепа ќе ја држи додека игра или џвака.

3. Нанесете нешто лепливо (како јогурт) на носот на кучето или на мачката. Обрнете внимание со која шепа ќе се избрише.

4. Ставете ја омилената храна на домашното милениче под креветот, малку подалеку. Со која шепа се обидува да ја дофати храната?

5. Врзете играчка со јаже, а потоа држете ја над главата на мачката. Со која шепа се обидува да ја фати?

6. Кога кучето сака надвор, со која шепа гребе на вратата?

Се препорачува да ги повторите овие тестови околу 100 пати во текот на неколку дена за да го добиете точниот одговор.

Прочитајте што открива положбата на спиење на вашето милениче за неговата ментална состојба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар