Како да ги одржувате чантите за да ви траат со години?

Без разлика колку сте ја платиле вашата чанта, би требало да ја третирате како нешто драгоцено, бидејќи кој денес има пари за фрлање? Чантите се аксесоари кои можат да траат со години, а трикот се крие во тоа што мора да ги чувате на вистинскиот начин. Токму поради тоа, со вас споделуваме 6 сјајни совети кои многу ќе ви помогнат во вашата мисија.

1-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_

1. Заштитете ги

Треба да водите сметка каде ги оставате чантите кога сте надвор од домот, односно да се обидувате да не ги извалкате и изгребете, но и да водите сметка и кога сте дома. Доколку при купувањето на чантата не сте добиле платнена кеса за неа, подредете ги оние помалите во кутии за чевли и одвојте ги со најлон или хартија. Оние поголемите подредете ги една до друга, никако една под друга.

2. Спреј за кожа

Спрејот со кој ги чувате омилените чевли употребете го и за чантата, но најпрво испробајте на делот кој не се гледа за да ја испитате реакцијата. Постојат и заштитни спреови за разни материјали кои се одлични за излегување надвор од домот.

3. Сезонските чанти спакувајте ги одделно

Летните сламени или пак крзнените чанти, односно оние кои се специфични и „врзани“ за одредена сезона, најдобро би било да ги чувате спакувани и одвоени кога не им е време за носење.

2-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_

4. Чантите од вештачка кожа третирајте ги на посебен начин

Крпата од микрофибер сјајно ќе ја исчисти вашата чанта, посебно онаа од акрил. Исто така, со малку вода и детергент можете да ги отстраните поголемите дамки или флеки.

5. Чантите од антилоп чувајте ги од дожд, но и кога сте дома

Чувствителната превртена кожа бара навистина специјална нега и доколку надвор врне, одлучете се за чанта од друг материјал. Исто така, не заборавајте дека спрејот за чевлите од антилоп може да послужи и за вашата чанта. Кога чантата е дома, наполнете ја со весници и обложете ја со најлон.

6. Редовно чистете ги спортските чанти

Знаете и самите дека тие може да бидат легло за бактерии, па задолжително перете ги според упатството на етикетата. Доколку не можете да ја перете во машина за перење, тогаш можете да се послужите со антибактериски спреј. Доколку пакувате работи во неа, водете сметка сите тие да бидат спакувани во посебни кеси.

3-soveti-i-trikovi-kako-da-gi-odrzhuvate-chantite-za-tie-da-vi-traat-so-godini-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар