Интересен психолошки тест кој ќе ви открие какви односи остварувате со луѓето

Интересен психолошки тест кој ќе ви открие какви односи остварувате со луѓето

Секој човек го интересира каков впечаток остава кај другите луѓе и што навистина мислат тие за него. Ако се сметате себеси за комуникативни и друштвени, можеби овој психолошки тест ќе го докаже токму спротивното бидејќи сигурни сме дека постојат некои скриени страни од вашата личност за кои ни самите не сте свесни. Какви се вашите односи со љубовниот партнер? А со вашиот круг на пријатели? Погледнете го видеото и направете го овој интересен тест кој ќе ви открие сѐ што треба да знаете за психологијата која стои зад вашите односи и врски во животот.

Обидете се да одговорите на следниве прашања…

1. Замислете си го вашето омилено животно. Размислете за тоа како ова животно прави да се чувствувате. Кои придавки би ги употребиле за да го опишете?

2. Замислете друго животно. Што го прави ова животно посебно?

3. Замислете си ја вашата омилена боја. Што ве привлекува кај оваа боја? Кои придавки би ги употребиле за да ја опишете?

4. Замислете си некоја водена површина. Дали е голема или мала? Мирна или брза?

5. Замислете си дека сте во некоја бела соба. Во собата нема ниту прозорци, ниту мебел, но е добро осветлена. Како се чувствувате во оваа соба?

Ги запаметивте одговорите? Проверете што откриваат тие за вашата личност…

  • Решение

    1. Првото животно го претставува она што го цените кај партнерот.

    2. Второто животно кажува како се гледате себеси.

    3. Бојата што ја одбравте кажува како другите ве гледаат.

    4. Водената површина ја претставува енергијата на вашата сексуалност.

    5. Белата соба покажува како се чувствувате во врска со смртта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар