Истражување: Веројатно оставате подобар прв впечаток отколку што мислите

Секој се грижи за тоа како изгледа кога прв пат ќе запознае некој. Дали сте ѝ се допаднале на личноста, дали сте изгледале паметно, професионално или зрело… Листата како да нема крај. Но едно неодамнешно истражување покажало дека всушност не треба премногу да се грижите за ова.

Истражување: Веројатно оставате подобар прв впечаток отколку што мислите

Изгледа дека постои голема разлика помеѓу впечатокот којшто мислите дека сте го оставиле и начинот на кој ве гледал новиот познаник. Ова откритие ќе ви ги олесни сите први состаноци и интервјуа за работа.

Оваа разлика е социјален феномен што создава несогласување во секоја нова социјална средба. Кога двајца луѓе се среќаваат за прв пат, секогаш се премногу загрижени за тоа како ги гледа соговорникот. Научниците со помош на неколку експерименти забележале дека луѓето си давале многу пониски оценки за нивниот прв впечаток за разлика од оценката што им ја дала личноста којашто ја запознале. Со други зборови, ви оди многу подобро отколку што мислите, но сте премногу зафатени со грижење за да го сфатите тоа.

„Нашето истражување покажува дека точното одредување на тоа колку му се допаѓаме на новиот соговорник е многу потешко отколку што изгледа“, изјавиле Ерика Бутби и Гас Куни, автори од истражувањето.

Тие набљудувале разговори во разни опкружувања – во лабораторијата, во работилници за личен развој, долги разговори со претставување во студентски домови, и откриле дека разликата постои во секоја ситуација. А кога станувало збор за запознавање на нови цимери на факултет, разликата траела со месеци.

Навистина е чудно што постои оваа разлика бидејќи луѓето обично се многу социјално свесни. Ние сме способни да забележиме навистина мали нешта од другите во разговорот, често и на несвесен начин. По правило би требало да знаеме да одредиме колку му се допаѓаме на некој штом ќе го сретнеме. Научниците забележале дека кога луѓето се среќаваат за прв пат, престануваат да обрнуваат внимание на суптилните телесни знаци бидејќи биле презафатени со нивното однесување.

„Кога станува збор за социјална интеракција и разговор, луѓето често се двоумат и не се сигурни за впечатокот што го оставиле кај другите и се премногу критични за нивниот перформанс.“

Па зошто се чувствуваме вака? Секој што сменил училиште или се сеќава на првиот ден на новото работно место, знае дека првите впечатоци се навистина важни. Тие можат да ја одредат насоката на идните интеракции, а истражување од 2017-та година покажало дека гледањето во нечие лице од само 33 милисекунди е доволно да оформите мислење. Науката исто така открила дека мислењата за новите луѓе што ги оформуваме на почетокот, особено негативните, е тешко да се променат дури и ако навистина се обидуваме. Па со сето ова знаење свесни сме дека првиот впечаток е навистина важен и премногу сме внимателни така што не ја гледаме големата слика.

Добрите вести се што ова истражување нашло лек за вашите грижи. Разликата ќе значи дека веројатно сте поминале многу подобро отколку што мислите, па немојте премногу да се грижите за впечатокот што сте го оставиле.

Дознајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар