10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Кога некој ќе ви ги спомне Маите, првото нешто на коешто помислувате се човечките жртви и неверојатната архитектура. Постојат многу интересни и уникатни факти со кои само што почнуваме да учиме и да ја разбираме оваа долго изгубена култура. Урнатините ни нудат поглед кон необичните градови и начинот на кои владееле владетелите. Истовремено уметноста ни го покажува секојдневниот живот и креациите кои се толку необични што дури и експертите не им ги припишале на Маите. Ова неверојатно општество оставило многу лекции и мистерии за идните генерации.

1. Споменици за суша

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Во 2018-та година археолозите се упатиле кон Белизе за да го посетат древното наоѓалиште на Маите. Во Кара Бланка се наоѓаат остатоци од две структури изградени околу 800-900 година кога регионот бил погоден од суша. Овие места се посетувале во чест на богот на дождот Чахк. На почетокот тимот сакал да најде повеќе артефакти, но откриле нешто ново за минатото на ова свето место. Додека копале откриле нова платформа која не само што била неочекувана, туку датирала од 600-тата година од нашиот век. Ова значи дека просторот бил користен за ритуали векови порано и дека платформата била изградена пред да започнат сушите. Направената штета не била од крадци, туку од самите Маи кои го расклопиле споменикот пред да го напуштат местото.

2. Лицето на Пакал Големиот

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Најдолгиот владетел на Маите бил кралот Пакал Големиот кој седнал на тронот на 12-годишна возраст во 615-та година и владеел до неговата смрт на 80 години. Во 2018-та година археолозите вршеле ископувања во палата во Јужно Мексико и откриле редок артефакт. Палатата на Пакал веќе е позната по многуте изненадувања, но овој пат откриле внатрешен базен. Во истиот комплекс се наоѓала и маска која најверојатно била направена како декорација. Кога ја споредиле маската со сликите од кралот Пакал ја забележале сличноста. Ако се потврди дека ова навистина е кралот, ова ќе биде првата слика којашто го претставува подоцна во животот.

3. Отпечатокот на Маите во околината

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Поради некоја причина постои верување дека Маите живееле во совршена хармонија со природата. Немале стакленички гасови и пластика, но културата не ја оставила природата недопрена. Во 2018-та година археолозите откриле дека Маите масовно ги уништувале шумите за огрев, фармерство и правеле просто за нивните храмови. Културата го дочекала својот крај околу 900-тата година и во наредните 1.000 години тропската шума заздравела. Денес повеќето градови на Маите изгледаат недопрени, но неколку тестови на почвата покажале дека почвата не закрепнала. Дрвата можеби пораснале, но почвата не може да го складира јаглеродниот диоксид како претходно.

4. Докази за кралевите змии

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Во џунглата во Гватемала се наоѓа Ла Корона, древен град на Маите. Се верувало дека оваа населба била изолирана во класичниот период (250-900 година). Тогаш владеела династија од таканаречени кралеви змии и за нив се знае навистина малку. Ласерското скенирање од 2018-та покажало дека на ова наводно изолирано место живееле илјадници луѓе и дека Ла Корона не била заборавена. Хиероглифите кажуваат за локални богови кои доаѓале и за тоа дека градот бил под раководство на кралството. Археолозите веруваат дека Ла Корона била една од населбите која била окупирана од кралевите змии за време на нивното владеење. „Боговите“ биле одбрани лидери кои ја користеле локалната митологија за да го воспостават нивното право за владеење.

5. Чоколадни пари

10 неодамна откриени факти и мистерии за Маите

Маите никогаш не користеле кованици. Слично како и многу древни култури, тие тргувале едни со други. Во 2018-та година парче уметност открило неколку информации за валута што се јаде. Познато е дека Маите биле обожаватели на топлото чоколадо, но сега археолозите откриле дека чоколадото го користеле и за плаќање. Пронајдени се разни цртежи и мурали од Класичниот период на кои се прикажани сцени во кои чоколадото се користи како платежно средство.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар