Истражување: Богатите и моќни луѓе почесто лажат, крадат и мамат

Идејата дека моќта и богатството можат да ја расипат личноста и негативно да влијаат на донесувањето одлуки не е нешто ново. Ова е древно знаење кое е пренесувано со генерации, на многу разни начини и на многу јазици. Главната порака е дека моќта расипува.

Истражување: Богатите и моќни луѓе почесто лажат, крадат и мамат

Двете најзначајни форми на моќ во модерниот свет се политичката и финансиската, а нештата биле вакви поголемиот дел од нашата историја. Низ годините, истражувањата покажале дека богатите и моќните се помалку искрени од просечниот човек и се посклони кон лажење, мамење и крадење за да го добијат она што го сакаат.

Дачер Келтер, психолог на Универзитетот во Калифорнија, поминал децении проучувајќи ги моќта и богатството и минатата година изјавил дека ефектот на моќта врз личноста изгледа е дел од човечката природа.

„За истражувачите кои ги проучуваат моќта и богатството, ова е разочарувачко, но не и изнендувачко. Ефектот на моќта, за жал, е најсигурниот закон во човечкото однесување.“

Во еден од експериментите на Келтер, истражувачите набљудувале раскрсница со метеж и откриле дека луѓето со скапи автомобили 4 пати почесто им го пресекувале патот на другите возачи и ги игнорирале законите.

„Ова ни кажува дека има нешто во богатството и привилегијата што ве тера да се чувствувате како да сте над законот, што ви дозволува да ги третирате другите како да не постојат“, изјавил Келтер.

Во друг експеримент, Келтер замолил еден од научниците да глуми пешак и да ја помине улицата, додека останатиот дел од тимот набљудувал кои автомобили ќе застанат, а кои не. Келтер открил дека повеќе од половина од скапите автомобили поминале брзо и не обрнале внимание, ниту пак го погледнале пешакот во очи. Во меѓувреме, секоја личност со евтин автомобил застанала. Во еден од најинтересните експерименти, Келтер открил дека богатите луѓе е поверојатно да земат и слатки од деца.

Адам Галински од Училиштето за бизнис во Колумбија, исто така истражувал на оваа тема. Според него, моќта и богатството прават луѓето да се чувствуваат непобедливо и со повеќе права бидејќи тие бараат оправдување во нивната социјална позиција во споредба со другите.

„Богатството е механизам за моќ, а моќта има ослободувачки ефект врз луѓето. Таа ги трга спрегите на општеството и ги ослободува луѓето да се однесуваат според нивните желби“, изјавил Адам.

Џо Маги, истражувач и професор по менаџмент на Универзитетот во Њујорк, смета дека моќта и богатството ве тераат да размислувате поразлично за светот и за вашите избори, понекогаш за добро, но често на сметка на другите.

„Она што го прави моќта е ослободување на вистинското лице. Повеќето од нас се движиме со разни социјални норми, работиме во групи кои создаваат притисок со кој треба да се соочиме. Штом ќе се најдете на позиција со моќ, тогаш можете да биде кој сакате. Луѓето кои имаат повеќе моќ во лабораторијата, гледаат повеќе избори. Тие гледаат над она што е објективно таму и бројот на избори што ги имаат. Повеќе насоки за она што можат да го преземат. Да имате моќ значи да бидете ослободени од казната која некој може да ви ја додели поради нештата што сте ги направиле.“

Резултатите од овие експерименти треба да нè потсетат да бидеме свесни за улогата на моќта и богатството во нашите животи и ефектот што тие можат да го имаат врз нашиот карактер. Лесно е да го насочите гневот кон оние што се повисоко од вас на економската скала, но многу е тешко да погледнете како се однесувате со оние кои се помалку среќни од вас и какво влијание има тоа врз нив.

Знаевте ли дека постои поврзаност помеѓу богатството и кратките љубовни врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар