Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови

Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови

На сите нам ни е добро познато дека кога сме физички активни во текот на денот, можеме полесно да заспиеме навечер. Едно ново истражување се фокусирало токму на оваа врска помеѓу квалитетот на сонот и физичкиот напор. Авторите на студијата сакале да откријат кое е најидеалното време за вежбање во вечерните часови.

Истражувачите го откриле идеалното време за тренинг во вечерните часови

Истражувањето било спроведено од страна на научници на канадскиот универзитет Конкордија. Учесниците кои биле дел од експериментите, биле претежно помлади и средовечни луѓе, а биле земени предвид нивниот начин на живот, здравствената состојба и физичката форма.

„Сè на сè, нашата анализа покажа дека кај луѓето кои го завршуваат својот тренинг два часа пред спиење се забележува подобрување на квалитетот на сонот“, изјави водечкиот автор на студијата, Емануел Фримпонг, додавајќи: „Од друга страна, на учесниците кои одеа на спиење помалку од два часа по завршување на тренингот, им требаше повеќе време да заспијат, а и нивниот сон траеше пократко“.

Истражувачите откриле и дека возењето велосипед може да биде корисен вид на рекреација, бидејќи луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат поцврст сон. Покрај тоа, научниците откриле и дека интензивните тренинзи кои траат од 30 до 60 минути исто така можат да придонесат за добар сон. Нивниот заклучок е:

„Нашата препорака е доколку вежбате навечер, правете го тоа што е можно порано, за да не го намалите квалитетот на вашиот сон. Пожелно е вашиот тренинг да заврши најмалку два часа пред спиење“.

Откако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кој период од денот е најдобар за вежбање.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар