Исповед на една мајка: Не правете да се чувствувам лошо затоа што одлучив да имам едно дете

Понекогаш, луѓето се многу дрски со своите прашања и коментари, особено кога се работи за чувствителни теми како што е создавањето семејство. Неретко се случува роднини или пријатели да загледуваат во стомакот на жената неколку месеци по свадба, па и без двоумење да прашаат кога планираат деца, а кога тоа ќе се случи, продолжуваат со прашања и коментари дека е време за второ дете.

Исповед: Не правете да се чувствувам лошо затоа што одлучив да имам едно дете

Една храбра мајка поминала низ многу од овие предизвици, особено откако донела одлука дека по нејзината ќерка, веќе нема да има деца.

„Децата единци се разгалени“, „Детето ќе ти биде осамено“, „Зарем ќе останеш само со едно?“, се најчестите коментари кои доаѓаат од оние кои немаат разбирање за одлуката и сметаат дека се повикани да го дадат своето мислење.

„Сето ова прави крвта да ми врие. Долго време се чувствував ужасно од помислата дека мојата ќерка ќе нема ни брат ни сестра. Но, откако изгубив неколку бремености, кои беа проследени со ужасни мачнини, сфатив дека најверојатно имам само еден обид да се остварам како мајка и одлучив веќе да немам деца“, раскажала таа.

Брзо по раѓањето на нивното прво дете, таа и нејзиниот сопруг ставиле крај на бракот, а потоа била повторно во сериозна врска во која се обидела да има деца и со новиот партнер. Со тек на времето, станала свесна дека нејзиниот живот ќе биде само за двајца – за неа и за ќерката. Секако, ова не била одлука со која веднаш се помирила, туку ѝ требало време да се навикне на идејата дека нејзиното семејство ќе брои само два члена, додека самата била израсната во многучлено, гласно семејство.

Исповед: Не правете да се чувствувам лошо затоа што одлучив да имам едно дете

Следеле и многу прашања кои си ги поставувала себеси. Дали нејзиното дете ќе биде среќно без брат или сестра? Но, потоа следел моментот на прифаќање и помирување, па се навикнала и на идејата дека целата своја љубов ќе ја посвети само на една личност – нејзината ќерка. Таа согледала и неколку предности во ваквата одлука:

1. Повеќе финансии

Многу полесно е кога финансиите во домаќинството не треба да се поделат на повеќе луѓе. Оваа мајка ги има своите пари само за себе и за ќерката, а доволно помага и таткото, кој по разводот презел голем дел од родителските обврски. Таа вели дека доколку би имала уште едно дете, тогаш не би можела да ги дозволи сите тие прошетки и забавни активности кои сега ги има со ќерка си.

2. Повеќе време

Дури и кога работи 40 часа неделно, времето кое ѝ останува може целосно да го посвети на своето дете, без да треба да го дели со друг. Како што вели и самата, уште едно дете би го одземало и онака ограниченото време што го издвојува за ќерката.

Исповед: Не правете да се чувствувам лошо затоа што одлучив да имам едно дете

3. Блискост

Односот мајка-ќерка во ова двочлено семејство е многу подлабок и попријателски. Мајката не треба да го дели своето внимание и е сигурна дека ќе биде секогаш тука за својата ќерка, што и да ѝ се случува во животот.

4. Браќата и сестрите не се секогаш блиски

Постојат многу примери во реалниот живот кога браќа и сестри не разговараат меѓу себе поради нерешени меѓусебни односи. Дури и самата мајка од оваа приказна кажува дека со една од своите сестри се слуша едвај на неколку месеци.

5. Здравје

Оваа мајка била бремена три пати, од кои два пати го изгубила бебето, но имала и неподносливи мачнини и грчеви. Сè на сè, таа за себе не можела да каже дека имала лесни бремености и дека не е подготвена уште еднаш да помине низ процесот на губење и болка.

Прочитајте и која е грешката на родителите која доведува до анксиозност кај децата.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар