Интересни факти за луѓето кои може да ве изненадат

Човечката психологија овозможува да се извлечат некои заклучоци кои генерално важат за сите луѓе. За многу од овие нешта не сме свесни, додека некој не ни ги предочи. Прочитајте ги фактите подолу и обидете се да ги примените оние кои можат да ви бидат корисни.

Интересни факти за луѓето кои може да ве изненадат

1. Доколку ги запишуваме своите соништа, побрзо ќе ги оствариме.

2. Најдобро ги меморираме информациите ако после 30 до 50 минути учење направиме десетминутна пауза.

3. Жените кои имаат повеќе машки пријатели се почесто добро расположени.

4. Мажите не се подуховити од жените, но се поопуштени и повеќе зборуваат, па не се оптоваруваат со тоа дали на другите им се допаѓа нивниот хумор или не.

5. Луѓето кои знаат да кажат „благодарам“ и „извини“ се далеку посреќни и позадоволни од останатите.

6. Може многу да се заклучи за нечиј карактер ако се набљудува неговото однесување со персоналот во ресторан.

7. Луѓето кои имаат силно чувство на вина се подобри во разбирање на мислите и чувствата на другите луѓе.

8. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка од мажите, но и многу повисок праг на толеранција.

9. Луѓето се посреќни ако често го прават она од што се плашат.

10. Кога држиме за рака личност којашто ја сакаме, чувството на болка и несигурност се намалува.

11. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечното.

12. Бракот со најдобриот пријател е со најмали шанси за развод и има големи шанси да трае доживотно.

13. Долгогодишната осаменост е штетна по здравјето како и пушењето по 15 цигари на ден.

14. Најчестиот кошмар вклучува паѓање, неподвижност, прогонување и смрт на блиска личност.

15. Колку се посреќни луѓето, толку помалку сон им е потребен.

16. Човекот брзо носи одлука кога му се оди во веце.

Прочитајте ги и овие 28 изненадувачки, но вистинити факти.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар