Интересни факти за храната

Интересни факти за храната

Дали знаевте дека во XIII век Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден?

Интересни факти за храната

  • Јадењето лимони го продолжува животот.
  • Постојат ПЕЗ бонбони со вкус на кафе.
  • Морското оревче е исклучително отровно ако се вбризгува интравенозно.
  • Гулашот, еден вид  супа од говедско месо, за првпат бил подготвен во Унгарија во IX век.
  • Националното шкотско јадење Haggis се состои од срцето, црниот дроб, белите дробови и тенкото црево на теле или овца, сварени во стомакот на животното, при што се додава овесна каша.
  • Дали знаевте дека постојат 5 вкусови на желе кои се повлечени од продажба затоа што не биле доволно комерцијални? Станува збор за желе со вкус на целер, кафе, кока кола, јаболко и чоколадо.
  • Брокулата има најдобри антиканцерогени својства.

Интересни факти за храната

  • Половина портокал дневно ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
  • Освен портокалот, еден оброк со риба неделно исто така ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
  • Печурките немаат хлорофил, па затоа не им треба сонце за да растат. Некои од најраните комерцијални фарми за печурки биле поставени во пештерите во Франција за време на владеењето на кралот Луј XIV (1638-1715).
  • Најстарата пронајдена мастика за џвакање во светот е стара 9.000 години.
  • Најмногу месо и месни производи се конзумираат во Аргентина.
  • Корнетот за сладолед бил измислен во 1904 година.

Интересни факти за храната

  • Персијците се први кои започнале да ги бојадисуваат јајцата, уште во 3000-те години п.н.е., со тоа прославувајќи го доаѓањето на пролетта.
  • Обичајот за вапсање јајца го донеле Крстоносците кои се враќале од Блискиот Исток.
  • Во XIII век, Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден.

Интересни факти за храната

  • Првиот оброк на Месечината беше печена мисирка, која ја изедоа Нил Армстронг и Баз Олдрин.
  • Чоколадото Сникерс е најпопуларно во Америка.
  • Древната цивилизација на Инките го мерела времето според тоа колку време е потребно да се свари компир.
  • Јаболките зреат откако ќе бидат обрани.
  • Кикириките се најголем извор на енергетска вредност.
  • Половина од светското население јаде ориз секој ден.

Интересни факти за храната

  • Жителите на Алјаска јадат двојно повеќе сладолед по глава на жител во споредба со останатото население.
  • Освен состојките наведени во содржината, во лебот се додаваат уште 27 други хемикалии.
  • Мирисот на кафето е најпрепознатливиот мирис во цел свет.
  • Потребни се 4 тони свежо грозје за да се добие 1 тон суво грозје.
  • Лебот на парчиња за првпат почна да се продава во 1930 година.

Интересни факти за храната

  • Секоја секунда се продаваат 13 кутии со желе бонбони.
  • За време на Златната треска во Алјаска (1897-1898), компирите биле вредни колку златото.
  • Најскапиот зачин на светот е шафранот.
  • Слаткиот компир потекнува од Андите, а во Велика Британија бил донесен во 1586 година.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар