Инспиративни цитати за 2022 година

Инспиративни цитати за 2022 година

Сите сме свесни за фактот дека промените не се случуваат преку ноќ. Иако секоја година си ветуваме себеси дека наредната ќе бидеме подобри и дека ќе работиме на својот развој, сепак не секогаш го исполнуваме ветувањето. Затоа одлучивме да споделиме со вас инспиративни цитати кои веруваме дека ќе ви помогнат во 2022 година да дадете сè од себе и да го промените својот живот на подобро.

Инспиративни цитати за 2022 година

„Оваа година сакам животот да ми биде полн со авантури. Да се поврзам со другите и да научам нови работи. Да се спознаам себеси и да поработам на личниот раст и развој.“ – Непознат автор

„Никогаш не сте премногу стари за да се изградите како нова личност.“ – Стив Харви

„Доколку ме прашате која е мојата новогодишна одлука, тогаш би ви одговорил дека тоа е задачата да откријам кој сум.“ – Кирил Кјузак

„Бидете среќни со она што го имате додека работите на она што сакате да го постигнете.“ – Непознат автор

„Поразот не е спротивно од успехот. Поразот е дел од успехот.“ – Непознат автор

„Нека сите ваши мисли бидат исполнети со љубов кон вашиот живот без да им остават простор на омразата, жалењето и стравот.“ – Непознат автор

„Ако чекавте за некаков знак, тогаш ова е знакот.“ – Непознат автор

„Не е важно колку бавно чекорите сè додека не престанете да чекорите.“ – Непознат автор

„Пристапете кон новата година со решителност да ги најдете скриените можности што ги носи секој нов ден.“ – Мајкл Џозефсон

„Направете нешто денес за кое вашата иднина ќе ви биде благодарна.“ – Непознат автор

„Исплашени сте? Тоа е добро. Не можеме да растеме и да се развиваме како личности доколку останеме заробени во нашата удобна зона.“ – Непознат автор

„Не мора да ги гледате сите скалила за да го направите првиот чекор.“ – Мартин Лутер Кинг

„Вербата во себе ќе ве направи непобедливи.“ – Непознат автор

„Ако не ви се допаѓа нешто, променете го. Ако не можете да го промените, сменете го вашиот став.“ – Маја Ангелоу

„Ако тоа што го правите не ви е предизвик, тогаш нема да ве промени.“ – Непознат автор

Доколку ви се допадна нашата листа со инспиративни цитати за 2022 година, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати на Волт Дизни.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар