Најубавите цитати на Волт Дизни

Најубавите цитати на Волт Дизни

Сите го сакаат пионерот на цртаниот филм, Волт Дизни. Неговото наследство денес живее не само преку неговите филмови и ликови, туку и неговите цитати кои сме сигурни дека ќе ви ја разгорат имагинацијата и ќе ве охрабрат да ги остварите своите соништа. Прочитајте ги неговите најубави цитати во продолжение.

Најубавите цитати на Волт Дизни

„Дизниленд е резултат на љубовта. Не го отворивме само за да заработиме пари.“

„Блиските човечки односи можат да ни послужат како инспирација, но и да ни дадат сила да ги надминеме тешките моменти кои сигурно кога-тогаш ќе надојдат во животот.“

„Го сакам Мики Маус повеќе од која било жена која сум ја запознал.“

„Најголемите моменти во животот немаат никаква поврзаност со себичните достигнувања, туку со работите што ги правиме за луѓето кои ги сакаме и цениме.“

„Забавно е да се направи невозможното.“

„Ако можете да сонувате за нешто, можете и да го остварите тоа.“

„Дизниленд никогаш нема да биде целосно завршен. Ќе продолжи да се развива сè дур има имагинација на овој свет.“

„Не заборавајте дека целата работа започна благодарение на еден глушец.“

„Кога ќе дојдете до добра идеја, не откажувајте се. Обидете се да работите на нејзиното остварување сè додека таа не стане реалност.“

„Кога верувате во нешто, верувајте во тоа докрај.“

„Смеата е безвременска, имагинацијата нема возраст, а соништата се вечни.“

„Еден ден научив дека соништата постојат за да бидат остварени. Од тој ден не спијам за да се одморам. Спијам за да сонувам.“

„Соништата, идеите и плановите не се само прибежиште, тие ми ја даваат смислата во животот и храброста да продолжам понатаму.“

„Единствениот начин да ги остварите своите соништа е да престанете да зборувате и да се фрлите на работа.“

„На денешните млади им порачувам да веруваат во иднината – светот ќе стане подобро место за живеење.“

Откако ги прочитавте најубавите цитати на Волт Дизни, ви препорачуваме да прочитате и 20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар