Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска

Рози, спонтани патувања и повеќечасовна прошетка покрај реката… Меѓутоа, после некое време сè започнало да оди надолу и да станува токсично. На крајот, сепак сте одлучиле дека морате да продолжите со животот и сте оставиле сè зад себе. Но, емоциите и времето поминато со вашата некогашна сакана личност не е лесно да се заборават.
Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врскаДоколку се чувствувате тажно поради прекинот на врската и сте во потрага по начин со кој ќе ја надминете, без разлика каква и да била – вие сте на вистинското место. Во продолжение прочитајте неколку цитати кој можеби ќе ви помогнат…

„Првата љубов се движи слободно во два правци. Не трошете време на ништо друго.“ – Шерил Стрејд

„Не останувајте во врска во која не можете да бидете онакви какви што сте!“ – Опра

„Прво сакајте се себеси, а сè друго ќе си дојде на свое место.“ – Лусил Бол

„Доколку врската не може да трае долго, зошто би била вредна за моето време и енергија и за краток период?“ – Николас Спаркс

„Што е скршено – скршено е. Подобро би се сеќавала на врската како што навистина била, наместо да ја склопувам и да ги гледам скршените делови додека сум жива.“ – Маргарет Мичел

„Врските завршуваат, но не и вашиот живот.“ – Стив Мартин

„Сите имале лоша врска. На крајот од денот, тие се само одличен начин да се подготвите за добрата врска која следува.“ – Ен Хатавеј

Прочитајте ги и овие 15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар