Дознајте колку е стара вашата душа

Што е тоа што нè прави толку различни едни од други? Што е тоа што ја прави една личност помудра од своите врсници, друга со поголема желба за моќ, а трета детинеста, и покрај истите години? Без разлика дали верувате во реинкарнација или тој поим ве иритира, ќе се уверите дека теоријата за староста на душата може да се примени на различни луѓе во вашиот живот.

Дали сте старец или дете: Дознајте колку е стара вашата душа?

Велат дека животот е „патување“ и „училиште“ кое нè учи важни лекции. Но, зошто?

Дали некогаш сте размислувале за можноста дека лекциите кои ги учиме и мудроста која ја стекнуваме во овој живот се пренесува на нашиот следен живот? Можеби нашиот живот не е единствено патување на искуство, напредок и созревање – туку тотално свесно постоење?
Па, што всушност е старосна доба на душата? Теоријата за реинкарнацијата ни вели дека човекот нема само една прилика за живот и учење. Тој има неколку животи во кои расте, учи и созрева.

Старосната доба на душата се темели на различни нивоа на напредок, кои душата ги добива во текот на своите реинкарнациски патувања. Како што личноста напредува на хиерархиската скала, исплатувајќи ја кармата, таа може слободно да се врати во единствена и бескрајна свест, доживувајќи конечно ослободување.

Некои оваа состојба ја нарекуваат „нирвана“, некои „небо“, а други „рај“.
Постојат 5 старосни доби на душата. Разбирањето на различните нивоа на човечкото постоење развива емпатија, разбирање и дава подлабок увид на животот. Старосните доби се подредени од „почетник“ до „напредно ниво“. Исто така постои и 6-та доба која ги надминува сите останати – постара душа. Во продолжение погледнете кои се тие доби и откријте во која припаѓате вие.

Душа на новороденче

Примарен фокус: Да се биде жив.

Лекции кои треба да ги научат: Основни животни вештини, опстанок, морталитет.

Споредба на возраста со човечки години: 0-4 години.

Основни карактеристики: Суровост, нетрпеливост, разиграност, возбуда, вознемиреност, едноставност, претпазливост, зависност од група луѓе, повлекување.

Личностите кои припаѓаат во оваа категорија се познати и како новородени души. Тоа се личности кои често се сметаат за неуки, детинести и невини, неспремни за сложениот живот. Бидејќи поседуваат едноставно разбирање кон животот и целосно безопасен пристап кон светот, новородените души тешко се прилагодуваат во „социјалните друштва“. Наместо тоа, тие претпочитаат познати групи, племиња и луѓе во дива и нескротлива околина.

Душа на дете

Примарен фокус: Припадност.

Лекции кои треба да ги научат: Социјална структура, правила, улоги, меѓучовечки односи.

Споредба на возраста со човечки години: 4-13 години.

Основни карактеристики: Хармонија, дисциплина, послушност, одредена улога, апсолутизам, прецизност, дисциплина, традиционализам, силни вредности.

Познати како детски души, овие луѓе бараат значење, ред и стабилност над хаотичната и непостојана природа на животот. Често се сметаат за чисти, скромни и ригидни и имаат тенденција да бидат конзервативни, религиозни и да ги следат правилата. Нивните морални верувања се дефинирани со културен и традиционален морал или пак со религиозен состав.

Млада душа

Примарен фокус: Независност.

Лекции кои треба да ги научат: Личен развој, слободна волја, личен успех.

Споредба на возраста со човечки години: 13-29 години.

Основни карактеристики: Амбициозност, конкурентен дух, иновативност, материјална добивка, претприемништво, слобода, индивидуалност, егоцентричност, самоизразување.

Познати и како адолесцентни души, овие личности често живеат со изреката „Ќе биде по мое или нема да биде никако“. Адолесцентната душа, исто како и адолесцентот, е во потрга по независност, друштвен статус и материјална корист. Во суштина, ова се луѓе кои носат промени и се одговорни за некои од најголемите напредоци во светот. Желни се за успех и се насочени кон надворешниот свет, па многу често тие се работохолици.

Зрела душа

Примарен фокус: Човечна хармонија.

Лекции кои треба да ги научат: Емпатија, психолошка стабилност, независност, самосвесност, односи.

Споредба на возраста со човечки години: 29-55 години

Основни карактеристики: Чувствителност, љубопитност, дипломатија, интроспективност, еднаквост, соработка.

Овие личности често се во потрага по меѓучовечки и психолошки хармонии. Често се сметаат за невротични, но грижливи. Бидејќи се фокусирани на внатрешниот свет, многу често тие тешко се носат со комплексноста и лукавиот живот. Зрелите души се либерални, фокусирани на односите и големи визионери. Целта на нивниот живот не е само опстанокот, исполнувањето на својата улога и материјалната корист, туку и разбирањето, емпатијата и пријателството.

Стара душа

Примарен фокус: Духовно исполнување.

Лекција која треба да ја научат: Независност, автономност, мудри совети, духовна свест.

Споредба на возраста со човечки години: 56+ години.

Основни карактеристики: Осаменост, духовност, одвоеност, филозофирање, хуманитарна работа, замор, немотивираност, емпатија.

Старата душа се појавува на крајот од инкарнацискиот циклус. Бидејќи оваа душа веќе ги искусила првите 4 фази на постоење, таа веќе го има заокружено знаењето за друштво, односи и воопшто за светот. Во оваа фаза, таа во секојдневниот живот не доживува интересни настани, па затоа поради тоа може да биде загрозена нејзината самодоверба. Со опуштен филозофски поглед кон светот, старите души зрачат со длабочина, мир и мудрост. Тие се фокусираат на самоисполнување и самореализација. За старите души, светот е испреплетена таписерија која се стреми кон станувањето „Едно“.

Постара душа (староседелец)

Постарите души се појавуваат на крајот на циклусот. Тие се разбудени суштества кои се обединети со вистинската божествена природа. Тие најчесто се нарекуваат „просветители“ или „духовни учители“.

Иако повеќето луѓе не се вклопуваат во целосност во некои од овие категории и често се преклопуваат со други, многу луѓе имаат тенденција да живеат во една душа повеќе од другите.

Прочитајте и дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар