Грдата страна на Малдивите

Малдивите се познати по своите рајски плажи и беспрекорно чиста вода. И ние на Кафе пауза до сега многупати сме пишувале за тоа во знак на воодушевување. Но, сепак и овие прекрасни острови имаат своја грда страна. Слично како и во нашите туристички центри, така и овде има делови со многу ѓубре.

Алисон Тил, 27-годишна девојка од Хаваи која се занимава со креирање кратки филмови, отпатувала на овој прекрасен архипелаг и се сретнала со Треш Ајленд, или „остров на ѓубрето“, мало вештачко островче каде што се фрлаат отпадоците кои ги создаваат посетителите од целиот архиепелаг. Шокирана од неочекуваната глетка, таа со помош на фотографите Марк Типл и Сара Ли направила серија фотографии со кои се обидуваат да свртат внимание кон отпадот што го оставаат богатите туристи и кон проблемот со неговото складирање и рециклирање.

Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите

Алисон инаку поддржува некои организации од Хаваите кои рециклираат отпад со цел да го искористат во модата, пред сè во креирањето бикини и јакни. Дел од сликите се за таа намена.

Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите Грдата страна на Малдивите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар