10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

Пријателствата секому му се неопходни, но како што растеме и созреваме сфаќаме дека некои личности не го заслужуваат местото во нашиот круг на пријатели. Сите си имаме пријатели за цел живот, но некои не издржале низ почетокот на 20-тите. Еве кои видови пријателства најчесто се прекинуваат во оваа фаза од животот.

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

1. Пријателката од средно

Во средно мислевте дека ви е сродна душа и дека е меѓу ретките личности кои ве разбираат, но потоа и двете тргнавте на факултет, полека почнавте да склопувате нови пријателства и да се гледате сè поретко. Уште си ги лајкнувате постовите на ФБ и ако се видите си ветувате дека мора да испиете едно кафе заедно, но тоа е сè.

2. Колегата/шката од сезонска работа или волонтирање

Кога прекинавте со работа си ветивте дека ќе останете во добри односи бидејќи цело време добро се сложувавте и бевте речиси неразделни кога работевте на некој заеднички проект. Вистината е дека најверојатно никогаш повторно нема да се видите.

3. Пријателката која постојано ве критикувала

Навидум била грижлива пријателка која секогаш искрено ви кажувала што мисли. Вистината е дека никој не е безгрешен и секогаш праведен, па така прекинувате да ѝ кажувате тајни бидејќи секогаш ви нафрлала куп критики или чудни погледи. Потоа престанувате да бидете толку блиски.

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

4. Незрелиот/незрелата пријател/ка

Во средно ви беше меѓу омилените личности и ве учеше како да бидете слободни, луди и откачени. На некој начин му/ѝ се восхитувавте посакувајќи да можевте и вие така да „одлепите“ понекогаш, но полека растете и созревате и сфаќате дека тој начин на живот се коси со сите ваши ставови.

5. Пријателката која направила ужасна грешка… во многу наврати

Првиот и вториот пат е ок, иако ѝ велевте дека треба да прекине. Но, таа продолжи да ги повредува своите најблиски, да ве тера да лажете за неа, да жртвува сè правејќи ја истата лоша постапка. Потоа ви доаѓа преку глава и едноставно се повлекувате.

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

6. Пријателката која не вложувала во пријателството

Многупати сте ѝ простиле што ве оставила сами во непријатна ситуација, што го ставила момчето пред вас, што не ве побарала со месеци, но како што влегувате во зрелите години сфаќате дека ви треба личност која едноставно ќе биде тука за вас и секогаш ќе може да сметате на неа.

7. Онаа на која срцето постојано ѝ беше скршено

Упорно продолжуваше да ги брка лошите момци, да влегува во кал, да заборава на своите принципи. Толку беше романтична што постојано мислеше на љубов и во 90% од времето срцето ѝ беше скршено. Многупати сте ја тешеле, но не сте можеле веќе да се изложувате на негативната енергија од нејзиното постојано жалење. Таа постојано имала проблеми така што никогаш немала време да ве сослуша вас. Сега кога ќе размислите добро сфаќате дека можеби таа едноставно сакала да биде во центар на внимание.

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

8. Постарата пријателка

Беше многу кул кога вие имавте 16 а таа 21. Ве учеше на нови работи, ве земаше по клубови, но подоцна сфативте дека вашите патишта се разидуваат. Таа е во сериозна врска или брак а вие сте далеку од тоа.

9. Пријателството кое вашата мајка/постара сестра не го одобруваше

Можеби мислевте дека вашите мајка или сестра ве мразат или не ве разбираат или дека не се фер што не сфаќаат колку сте блиски со вашата другарка, но подоцна сфаќате дека биле во право. Таа навистина влијаела лошо на вас.

10. Оној/онаа кој/а сериозно „зацапа“ во љубовна врска

И си ги заборави пријателите, престана да ви се јавува и да излегува.

10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар