Генијални тетоважи дизајнирани да исчезнат од кожата по 1 година

Генијални тетоважи дизајнирани да исчезнат од кожата по 1 година

Многу луѓе ја сакаат идејата за тетоважите, но не се секогаш сигурни дали сакаат да ги задржат на нивното тело до крајот на нивниот живот. Токму затоа и техничкиот тим на студиото за тетовирање „Ephemeral Tattoos“ во моментов развива начин да се носат тетоважи и мастилни дизајни за продолжен период на време, без вечното посветување.

Генијални тетоважи дизајнирани да исчезнат од кожата по 1 година

Нивното решение користи процес сличен на традиционалното тетовирање, но со времетраење на тетоважите од 1 година, пред да почнат да избледуваат.

Конвеционалното исцртување на телото и тетовирање е направено перманентно и трајно бидејќи молекулите на бојата се преголеми за нашиот имунолошки систем да ги отстрани. Студиото ја користи истата идеја, со таа разлика што наместо големи, тие употребуваат мали молекули на бојата и ги обложуваат со заштитен слој кој ќе се распадне по 365 дена.

Генијални тетоважи дизајнирани да исчезнат од кожата по 1 година

Доколку сакате да ја отстраните тетоважата поскоро, можете да добиете инстантна формула која се става на местото каде што сте тетовирани и го отстранува цртежот.

Продуктот е сѐ уште во тест фаза и се очекува да се појави на пазарот наесен, во 2017-тата година. Откако ќе стане достапен, ќе нуди фантастичен начин да се испита перманентниот дизајн, бидејќи доколку сѐ уште ви се допаѓа тетоважата по 1 година, тогаш сигурно ќе ви се допаѓа и во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар