Фридрих Ниче и неговите мудрости: Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат!

Творецот на оригиналното учење, Фридрих Ниче, немал филозофско образование, а неговите теории немаат академски карактер, но се разбирливи за секого и затоа се многу популарни. Тој предизвикал сомневање во основните принципи на тековните морални, религиозни и културни форми. Неговите дела, напишани во афористички стил, поттикнуваат на размислување и се актуелни и до ден денес.

Фридрих Ниче и неговите мудрости: Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат!

„Кога ќе го цените она што го имате наместо да живеете во потрага по идеали, тогаш ќе бидете навистина среќни.“

„Паметните луѓе не планираат пријателства, не зборуваат за љубовта и не ја докажуваат вистината.“

„Оној што има `зошто’ да живее може да го издржи речиси секое `како’.“

„Човекот го прават несреќен или среќен само своите мисли, а не надворешните околности. Управувајќи со своите мисли, тој управува со својата среќа.“

„Оној што не може да оддели две третини од денот за себе, треба да се смета за роб.“

„Нема убава површина без застрашувачка длабочина.“

„Она што не ме убива, ме прави посилен.“

„Ако одлучите да направите нешто, затворете ја вратата на сомнежот.“

„Најголемите случувања не се нашите најбурни, туку најспокојни моменти.“

„Тоа што се прави поради љубов се одвива надвор од доменот на доброто и злото.“

„Постојат две патеки што можат да ве спасат од смртта: брза смрт и долга љубов.“

„Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат.“

„Постои одреден степен на закоравени лаги кој се нарекува `чиста совест’.“

„Со човекот се случува истото што се случува и со дрвото. Колку повеќе се издигнува кон врвот и кон светлината, толку повеќе неговите корени се закопуваат во земјата, надолу, во мракот и во длабокото – кон злото.“

„Постојат два вида осаменост: бегство на болните и бегство од болните.“

„Завидливите луѓе најчесто го осудуваат она што не го знаат и ги критикуваат оние чиешто ниво никогаш нема да го достигнат.“

„Не сум вознемирен што ме излажавте, туку затоа што веќе не можам да ви верувам.“

„Нема потреба да размислувате премногу. Така создавате проблеми што не постоеле на почетокот.“

„Најблиската личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина, а во сегашноста те прифаќа таков каков што си.“

Прочитајте ги и овие цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар