Фантастичен трик: Како да направите нешто да биде невидливо?

Повеќето од нас си мачеа мака со физиката за време на школските денови, но кога ќе се сретнеме со реалната примена на оваа фасцинантна наука во секојдневниот живот, наеднаш таа постанува интересна и омилена.

Веројатно многумина од нас би посакале наметка која има моќ да нѐ направи невидливи, но додека ова е сѐ уште само научна фантастика, постои многу супер научен трик со кој предметите од стакло можат да станат целосно невидливи.

fantastichen-trik-kako-da-napravite-neshto-da-bide-nevidlivo-kafepauza.mk

Трикот е во прекршувањето на светлината, а сѐ што ви е потребно е еден поголем стаклен сад и епрувета или некое друго стаклено парче. Кога епруветата ќе ја потопите во проѕирен стаклен сад со вода, таа и понатаму ќе се гледа, но ако водата ја замените со глицерол (глицерин), работите се менуваат. Или барем нашата перцепција. Погледнете.

Како што светлината поминува од еден материјал во друг, таа ги менува брзината и насоката, овозможувајќи ни да ги видиме рабовите на епруветата. Но ако аголот на светлината се промени, предметите ќе ни изгледаат изобличени. Под влијание на водата, светлината ги прекршува зраците создавајќи обратна слика. Но, кога водата ќе се замени со друга супстанца, работите можат да станат уште поинтересни. Трикот е во употребата на течност кој има иста точка на прекршување како стаклото, па поради тоа светлината не треба да ја менува ниту брзината ниту насоката кога проаѓа низ нив. Заради ова стаклените предмети во сад со глицерол стануваат невидливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар