Факти кои сигурно не ги знаевте за брендот „ШАНЕЛ“

Непотребно е да се каже дека „Шанел“ е еден од најпознатите и најпрестижните светски брендови кога е модата во прашање. Компанијата е основана од страна на Коко Шанел, а почетоците на овој бренд се врзани за дизајнирање и произведување на шешири. Најзначајното парче за кое многумина ќе се сложат дека е број еден на модните листи е „малиот црн фустан“ кој Коко го претстави во 1926 година. Жаклина Кенеди го прослави овој бренд, а после смртта на Коко Шанел, сопствениците на компанијата го ангажираа Карл Лагерфилд, кој до ден-денес стои на чело на оваа компанија. Сепак, постојат и оние помалку познати информации кои секого ќе го заинтересираат. Погледнете ги овие необични факти за овој луксузен моден бренд.

1-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_

1. Chanel No. 5 е најпродаваниот парфем на сите времиња.

2. Шанел е првиот бренд кој имал листа на чекање за купување лак за нокти.

3. Коко Шанел е творец на првите женски одела.

4. Првиот бутик на Шанел во Париз воопшто не бил модна работилница, туку само продавница на шешири. Првиот бутик на овој бренд е отворен дури во 1915 година.

2-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_

5. Коко Шанел, пред да ја стекне светската популарност, ја изградила својата репутација креирајќи и произведувајќи шешири, а не облека.

6. Четири од пет бутици на Шанел се затворени во 1945 година поради Втората светска војна.

7. Чантата 2.55 го добила името по датумот кога е за првпат произведена.

8. Всушност, Коко Шанел никогаш не била апсолутен сопственик на модната куќа „Шанел“.

3-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-brendot-shanel-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар