Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

Ако мислите дека нашите внатрешни органи се способни само за дишење, движење и варење храна, целосно ќе го промените вашето мислење откако ќе ги дознаете овие факти. На пример, дали знаевте дека желудочната киселина е доволно силна за да разгради некои видови метали? Изгледа дека секој орган има своја супермоќ, па прочитајте нешто повеќе за тоа.

1. Срце

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Срцето создава доволно притисок за да може да исфрли крв на височина од 9 метри.
  • Во просек, женското срце чука побрзо од машкото.
  • Секој ден, срцето пумпа околу 7.500 литри крв, а е големо само колку тупаница. Навистина зафатена пумпа, зарем не?

2. Црн дроб

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Органот со најмногу обврски е црниот дроб. Научниците знаат за над 100 мали работи што ги завршува овој орган.
  • Црниот дроб може да се справи со многу голема штета. Тој може самиот да се обновува, а сè што му е потребно се 25% од оригиналното ткиво.
  • Древните Грци верувале дека во црниот дроб се наоѓаат сите човечки емоции.

3. Бели дробови

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Белите дробови се толку лесни, што можат да пловат во вода.
  • Секој ден, околу 10.000 литри воздух минуваат низ нашите дробови. Ако ги исправите дробовите како чаршаф, тие би покриле цело тениско игралиште.
  • Белите дробови имаат рецептори за вкус кои детектираат горчлив вкус.
  • Белите дробови имаат важна улога во зборувањето и правењето звуци.

4. Бубрези

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Главната функција на бубрезите е да ја прочистуваат крвта. За да го постигнат ова, секој бубрег има по најмалку еден милион посебни мали филтри, наречени нефрони.
  • Всушност, не ни се потребни 2 бубрега. Дури половина бубрег може добро да ја заврши работата на два.
  • Ако детето е родено со еден бубрег, тој ќе достигне големина колку два.

5. Надбубрежни жлезди

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Надбубрежните жлезди одлучуваат дали е време да се борите или да бегате и тие го лачат „стрес“ хормонот адреналин. Адреналинот му дава сигнал на мозокот за потенцијална опасност, а мозокот му помага на телото да реагира или да бега од опасноста.
  • Надбубрежните жлезди лачат и други важни хормони, но во најголем број случаи лачат премногу. Ако овие жлезди лачат премногу андрогени стероиди, тоа може да предизвика машки карактеристики, како ќелавост и повеќе влакна на телото и кај мажите, и кај жените.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар