Есауира: Град кој треба да го посетите барем еднаш во животот!

Есауира: Град кој треба да го посетите барем еднаш во животот!

Ако некогаш сте биле во Мароко, сигурно сте слушнале за Есауира, прекрасен град кој секој треба да го посети барем еднаш. Есауира нуди автентични марокански искуства со извонредна гастрономија која главно се состои од специјалитети од риба – сепак, се наоѓа веднаш до Атлантскиот Океан, на помалку од четири часа возење од Маракеш.

Есауира: Град кој треба да го посетите барем еднаш во животот!

За разлика од Маракеш, Есаира им овозможува на туристите малку „поинтимно“ искуство, но сепак различните места, звуци и мириси веднаш ќе ве одведат во светот што никогаш не сте го доживеале. Мора да признаеме, Мароко веројатно не е за секого. Понекогаш се чини дека сè е премногу овде, од широк спектар на мириси, локални жители кои сакаат да ви продадат сè и сешто, горештина од која не знаете каде да се скриете, овци и други животни кои можат да ве прегазат… Се чини премногу. Но, од друга страна – токму тоа е шармот на Мароко.

Есауира се наоѓа на атлантскиот брег на Мароко, во регионот Маракеш-Асфи. Градот е оддалечен околу четири часа возење од Маракеш, а за да го доживеете шармот на овој уникатен крајбрежен град можете да отпатувате со авион од Будимпешта или Милано кон Агадир или Маракеш.

Дали вреди да поминувате време во Есауира? Апсолутно! Есауира е прекрасен жив град, каде што можете да најдете раздвижени рибарски пристаништа и ветровити плажи. Овде не недостасуваат активности – може да се запишете во училиште за сурфање, и ако сте повеќе по гастрономијата, тогаш мароканското училиште за готвење ќе биде одличен избор. Можете и да јавате камили или да уживате во долги прошетките на зајдисонце по плажите.

Есауира е навистина едно од оние места каде што патниците застануваат една или две ноќи, а потоа остануваат еден месец или подолго. Овде ќе најдете многу странци кои работат онлајн и кои токму тука го пронашле својот рај на земјата. Градот е дефинитивно најдобрата дестинација во Мароко за дигитални номади. Поевтин е од другите попопуларни дестинации во светот како Шпанија, Мексико или Тајланд и овозможува незаборавно искуство.

Откако прочитавте за овој прекрасен град во Мароко, можеби ќе сакате да прочитате и за 6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар