Експертите откриваат: Која е идеалната возраст за првата бременост?

Некои жени го планираат мајчинството, додека некои чекаат тоа да се случи кога ќе дојде време, но експертите потенцираат дека жените кои би сакале две или три деца и тоа како би требало да испланираат кога ќе го родат првото. Британските научници извршиле анализа на податоците за плодноста на 58.000 жени и дошле до интересни заклучоци.

Експертите откриваат: Која е идеалната возраст за првата бременост?

Научниците од британскиот универзитет во Шефилд, со цел да им помогнат на жените кои сакаат деца да ја одредат идеалната возраст за основање семејство, ги собрале и анализирале податоците за плодноста на повеќе од 58.000 жени. Тие дошле до заклучок дека жените кои сакаат големо семејство, односно барем три деца, првото дете треба да го родат најдоцна на 23 години.

Според експертите, доколку жените почнат да работат на првото дете на 23 години, ќе имаат 90% повеќе шанси да го родат третото, ако имаат таква желба. Ако чекаат до 31 година, шансите да станат мајки на три деца паѓа на 75%, а ако се чека до 35 години, шансите се 50%.

Жените кои сакаат две деца треба да почнат да работат на мајчинството до 27 години, а оние кои сакаат едно дете не би смееле да чекаат да им помине 32-иот роденден за да станат мајки.

Анализите исто така покажале дека оплодувањето со ин витро, односно медицински потпомогнатото оплодување не е гаранција за мајките кои го одложуваат мајчинството, односно можноста за бременост се продолжува само за една или две години.

Експертите нагласуваат дека овие податоци не мора да важат за секоја жена, но дефинитивно можат да им помогнат на жените кои сакаат да планираат семејство и да го остварат нивниот сон за голема фамилија со многу деца.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар