Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот

Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот

Овој едноставен психолошки тест ќе ви даде детален приказ на вашата интуиција и ќе ви помогне да ја откриете својата скриена внатрешна страна. Со неговото решавање ќе можете подобро да ја разберете својата перцепција за животот и своите лични вредности. Единственото правило е да ги одговорите прашањата најбрзо и најискрено што можете.

Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот

1. Замислете се на еден пат. Опишете го. (Дали е земјен, зафатен автопат или нешто друго?)

2. Каде моментално се наоѓа сонцето? (Дали замислувате ден или ноќ?)

3. Продолжувате да одите по патот и стигнувате до една ограда. Како изгледа? Од што е направена? (Дрво, камен, метал…)

4. Како преминувате преку неа?

5. Како што продолжувате да одите, стигнувате до една шума. Опишете ја. Дали е светла или темна? Дали има мешани или зимзелени дрвја?

6. Низ шумата има пат. Чекорите по патот и на земјата гледате клуч. Како изгледа клучот? Што правите со него? Дали го земате или го оставате на земјата, или можеби го обесувате на една од гранките на дрвата?

7. Продолжувате по патот и се приближувате до некоја форма на водна површина. Како изгледа? Што правите со неа? Дали пливате во неа, или седнувате во нејзина близина?

8. Откако ќе ја поминете водната површина, ја гледате куќата од вашите соништа. Мажот/жената од вашите соништа ве поканува да останете засекогаш таму, со него/неа. Што одлучувате?

9. Директно зад куќата има пат. Како изгледа? Дали повторно наидувате на пречка? Каква пречка е тоа? Дали е тоа истата пречка којашто ја видовте на почетокот, или не?

10. Каде се наоѓа сонцето?

Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот

Тестот има едноставна интерпретација.

Патот го претставува вашето однесување кон околината. Доколку патот што го замисливте е автопат со многу автомобили, тогаш вие сте активна, зафатена личност која оптимално го искористува и своето работно и своето слободно време. Ако е земјен пат, тогаш живеете тивок, одмерен живот. Се обидувате да ги контролирате настаните, наместо да им дозволите да се одвиваат по природниот тек. Патот со мали дупчиња и камчиња претставува нешто незначајно што постојано ви пречи.

Сонцето ги претставува вашите планови, идеи и цели. Изгрејсонцето значи дека сте на патот кон целта. Ако сонцето е директно над вас, тогаш се обидувате да ги остварите своите планови. Зајдисонцето значи дека веќе сте оствариле дел од своите цели.

Оградата симболизира пречка. Колку што е повисока, толку повеќе имате тенденција да ги преувеличувате вашите неуспеси.

Начинот на кој поминувате преку неа покажува како преминувате преку пречките во животот. Ако се качувате преку оградата, одите околу неа или се обидувате да најдете врата или отвор, тогаш сте флексибилни во решавањето на проблемите и се обидувате да ги решите тогаш кога ќе се случат, што побрзо и што поефикасно. Доколку се удирате во ограда, тогаш вие сте директна личност која сака да прави брзи одлуки.

Шумата го претставува вашиот внатрешен свет. Изборот помеѓу светла и темна шума може да покажува како го перципирате животот – во позитивно или во негативно светло. Мешана шума значи дека сте интересна индивидуа која секогаш сака да научи нешто ново. Зимзелена шума може да покажува дека имате рационален ум – дека сте доверлива личност која знае што сака во животот.

Клучот ја претставува вашата среќа. Колку што е помал, толку ви е поважен односот со вашите сакани, вашата среќа, и духовната состојба. Поголемите клучеви значат дека материјалните работи се висок приоритет во вашиот живот. Колку што е поубав клучот, толку повеќе внимание обрнувате на естетиката во животот. Изборот дали ќе го понесете клучот со себе или ќе го оставите на земја или ќе го обесите на некоја гранка ги претставува луѓето кои успеваат или не успеваат да ги забележат добрите шанси околу нив.

Водата ги претставува вашите чувства и ја симболизира личноста која ја сакате. Колку што е подлабока, толку се посилни вашите чувства за саканата личност. Доколку е мирно езеро, тогаш вие и вашиот партнер сте луѓе со еднаков темперамент. Ако е брза река или водопад тогаш вие сте страсна индивидуа и сакате повеќе внимание од саканите. Седењето блиску до водата значи дека сакате да бидете во близина на вашиот партнер. Допирањето на водата или пливањето значи дека барате внимание од него/неа.

Куќата и мажот или жената од соништата ја покажуваат вашата тенденција за преземање ризик и коцкањето. Овие симболи се поврзуваат и со тоа колку добро давате отпор на искушенијата.

Патот зад куќата го симболизира вашиот иден живот. Доколку пречката е сѐ уште присутна, тоа значи дека не учите од минатите искуства.

Сонцето може да ви каже дали вашите планови ќе бидат успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар