8-те најнаселени острови во светот

8-те најнаселени острови во светот

Многу луѓе ги замислуваат островите како изолирано парче рај каде што можат да побегнат од нивното зафатено секојдневие, но тоа не е секогаш така. Во неколку делови од светот постојат острови кои бројат повеќе жители дури и од градовите на некои од попознатите земји и покраини. Во тој контекст, прочитајте кои острови во светот се едни од најгусто населените, независно од нивната територијална површина.

1. Мале (Малдиви)

8-те најнаселени острови во светот

Малдивите се сметаат за едни од најубавите острови и се честа дестинација за меден месец. Но, за да стигнете до нив треба да поминете низ густо населениот Мале. Според последниот попис на населението, на островот живеат преку 133.000 луѓе.

2. Ебеје (Маршалски Острови)

8-те најнаселени острови во светот

Ебеје е најнаселениот остров во атолот Квајалејн, дел од Маршалските Острови. На него живеат околу 150.000 луѓе на 1.600 км². Растот на бројот на жителите на ова е место е резултат на нуклеарните тестирања од САД, што го натерало населението да се исели од своите домови во атолот Бикини и атолот Еневетак.

3. Венеција (Италија)

8-те најнаселени острови во светот

Венеција се простира преку 177 мали острови на Јадранското море во североисточна Италија и е дом за 270.000 луѓе. Само еден остров, Бурано, има популација од 4.000 луѓе. И покрај тоа што е град од големо културно значење, таа исто така е и град во неволја, бидејќи постепено почнува да се навалува кон исток и му се заканува потопување.

4. Либек (Германија)

8-те најнаселени острови во светот

Стариот град Либек е сместен на островот и е откриен во 1143-тата година на крајбрежјето на Балтичкото море во северна Германија. Не постои точен број на луѓе кои живеат во центарот на историскиот град, но воздушните слики покажуваат дека островот е густо населен, со многу згради и мрежи со улици. Остатокот на модерниот Либек е релативно простран.

5. Менхетен (САД)

8-те најнаселени острови во светот

Менхетен е првиот остров кој доаѓа на памет кога ќе се спомне Њујорк. Зафаќа површина од само 60.000 км², а се проценува дека на ова земјиште живеат 1.626 милиони луѓе.

6. Островчето Санта Круз (Колумбија)

8-те најнаселени острови во светот

Санта Круз се смета за едно од најнаселените места во светот и има околу 4 пати поголема населеност од Менхетен. Околу 1.200 луѓе живеат на 1 хектар од островот. И покрај овој факт, не може, а да не се спомене непостоењето на гробишта, медицински установи и питка вода.

7. Ап Лај Чо (Хонгконг)

8-те најнаселени острови во светот

Ап Лај Чо се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот остров. Локалното население го нарекува Островот на јазикот од патката, бидејќи има сличен облик. На него живеат околу 87.000 луѓе.

8. Мигинго (езеро Викторија)

8-те најнаселени острови во светот

Густо населеното земјиште на овој остров, уште познат како Рибарскиот остров, е прекриено со мали колиби. И Кенија и Уганда делат право на половина парцела, што е еднакво на половина фудбалски стадион.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар