Еден татко споделува трик како да го заспиете бебето побрзо

Многу родители кои штотуку пристигнале дома со новороденче сигурно се прашуваат како да ги заспијат своите бебиња брзо и успешно. Исто така, многу е важно родителите да го научат своето бебе да заспие самостојно за време на ноќното будење.

Некои родители им пеат приспивни песни на своите бебиња, а некои родители развија свои трикови кои ќе им помогнат полесно да ги заспијат своите малечки. Остин Мајлс Гетер од Далас во Америка најде магичен трик со кој ја заспива својата мала ќерка брзо и без непотребни напори.

Тој вели дека овој трик навистина функционира. Треба нежно да ги милувате веѓите на бебето и бебето веднаш ќе заспие. Во видеото можете да видите како тој го прави тоа и неговата ќерка заспива многу брзо. Родители, дали ќе го пробате ова?

Можеби ќе сакате да знаете зошто вашето бебе го плази својот јазик?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар