Држењето за раце со партнерот може да ја намали вашата болка

Држењето за раце со партнерот може да ја намали вашата болка

Допирот полн со љубов и грижа не само што покажува колку ви е важна личноста, туку ви нуди поддршка во тешките периоди, кога сте болни или кога чувствувате болка. Изгледа дека има и научно објаснување за оваа појава. Едно неодамнешно истражување покажало зошто човечкиот допир може да биде моќен и од корист исто колку и лековите.

Држењето за раце со партнерот може да ја намали вашата болка

Колку и да звучи неверојатно, имањето романтичен партнер кој ќе ве држи за рака кога сте во болка може да ви ги намали страдањето и неудобноста. Ова може да се нарече и „љубовен лек“, а научниците не само што го сметаат за факт, туку се обиделе и да објаснат како функционира.

Сè што ни е потребно се љубов и искрен човечки допир. Голдстајн, психологот кој ја проучувал моќта на човечкиот допир, открил дека постои нова страна на љубовта и решил да направи експеримент со неговата сопруга за време на раѓањето на нивната ќерка. Подоцна биле тестирани уште 20 парови во лабораторија во период од една година.

Наводно, самото тоа што партнерите биле блиску еден до друг, без никаков допир, предизвикало синхроницитет на нивните мозочни бранови. Овој синхроницитет се зголемувал додека паровите се држеле за раце за време на породувањето кога жените биле во болка. Нивната мозочна активност била измерена со помош на електроенцефалографија (ЕЕГ).

Интересно е што научниците откриле и уште едно многу важно нешто – се покажало дека болката целосно го прекинува ова лично синхронизирање помеѓу паровите, а допирот го враќа назад.

Па, немојте да се двоумите дали да го допрете вашиот партнер кога чувствува болка. Вашиот допир може да му го намали страдањето, па дури и да го спречи прекинот на синхронизацијата помеѓу вас двајцата предизвикан од болка.

Можете да го пробате ова уште сега доколку сте во болка. Само фатете го партнерот за рака и држете се некое време. Можеби ќе забележите дека чукањето на вашето срце и дишењето почнуваат да ви се синхронизираат. Можеби нема да почувствувате ништо, но тоа сепак се случува. И овде не станува збор само за дишењето и чукањето на срцето, туку се синхронизираат и вашите мозочни бранови.

Можете дури и да го засилите овој ефект ако чувствувате повеќе емпатија за болниот партнер. Утехата со чувства ќе му помогне да ги постигне најдобрите резултати. Колку посинхронизирани сте еден со друг, толку повеќе ќе функционира.

Дали знаете кои се фреквенциите кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар