Древни кинески мудрости: Оној кој ги победува сите е силен, но оној кој се победува себеси е семоќен

Во минатото, кинезите имале обичај да поставуваат мудри мисли на двете страни од главниот влез во куќата или во ходникот. Нивната цел не била декоративна, туку да ги потсетува на нешто што тие можеби го забораваат. Овие пораки ги потсетувале да останат позитивни, да ги помнат нивните предци, нивното однесување или грешките кои ги правеле во минатото. Древни кинески мудрости: Оној кој ги победува другите е силен, но оној кој се победува себеси е семоќен Оваа традиција сè уште живее во некои кинески семејства. Секако, поголемиот дел од нив ги чуваат пораките како декорација или како колекција на познатите кинески уметници. Но, тоа не значи дека од нив не можат да се научат многу нешта. Погледнете дел од овие мудрости кои можат многу да ви помогнат во вашиот секојдневен живот.

„Ако сте трпеливи во еден момент од лутината, ќе избегнете 100 денови тага.“

„Ако сакате да престанете да пиете, додека сте трезни набљудувајте како се однесува пијаница.“

„Бидете внимателни што посакувате, бидејќи тоа може да се оствари.“

„Ако го фрлите доброто во водата, таа повторно ќе ви го донесе.“

„Големата среќа доаѓа од небото; малата среќа доаѓа од човекот.“

„Виното не го опива човекот, човекот сам се опива.“

„Повеќе вреди да ги познавате карактеристиките на вашите непријатели, отколку вашите грешки.“

„Враната е секаде подеднакво црна.“

„Децата се огледало на родителите.“

„Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешки.“

„Животот е само мост. Не градете куќа на мостот.“

„И убавите цветови се убави само некое време.“

„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од неколку месечно учење од книги.“

„Кога ќе ни се насмевне среќата сретнуваме пријатели, а кога таа ќе ни го заврти својот грб сретнуваме убава жена.“

„Оној кој ја бара вистината мора да знае како да ја поднесе.“

„Мислата е слична како копање бунар, водата прво е матна, но потоа полека се разбиструва.“

„Мислењето не е исто што и сакањето.“

„Младоста предложува, староста одложува, средината извршува.“

„Најдоброто време за садење дрва било пред 20 години. Другото најдобро време е сега.“

„Не бидете мрзливи бидејќи мрзливоста е најголемиот непријател на доблеста.“

„Не се руши секое дрво со првиот удар.“

„Човекот не е заведен само од убавината на телото, тој исто така може да биде заведен и од убавината на духот.“

„Неколку чаши вино можат да состават стотици работи.“

„Парите понекогаш ги решаваат проблемите, а понекогаш ги создаваат.“

„Патот од илјада километри започнува со првиот чекор.“

„Патот во пеколот е поплочен со добри намери.“

„Трпеливо издржете мала загуба и на тој начин ќе бидете поштедени од голема.“

„Чистата совест не се плаши од чукање во ноќта.“

„Човекот е среќен онолку колку што е способен да ги усреќи другите.“

„Човек кој може да ги победи другите е силен; човек кој може да се победи себеси е семоќен.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Ova ne se drevni kineski mudrosti… Kako prvo, naslovot e citat na Nice, kakvi kineski mudrosti…. Proverete pred da objavuvate

Остави коментар