Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката

Му пративте СМС порака и по 4 часа сè уште нема одговор. Милион мисли ви се вртат во глава: каде е, што прави, со кого е, зошто не враќа, да не е со друга, да не ви е лут… Одеднаш почнувате да паничите и се доведувате себеси до лудило! Знаете дека не е на работа, но непријатно ви е да му заѕвоните затоа што сè уште не сте толку блиски и не сакате да изгледате параноично и опсесивно. Овие неколку совети ќе ви ја разрешат дилемата околу тоа што тој чувствува за вас според тоа кога ви вратил на пораката.

Дознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на пораката

Ако ви врати веднаш

Одговорот тука е повеќе од очигледен. Навистина многу му се допаѓате и вие сте му приоритет. Единствениот проблем е дали и вам толку многу ви се допаѓа или мислите дека е малку нападен и очаен? Постојат две можности: Или е некој кој нема работа, хоби и пријатели, па секогаш е достапен и одвај чека некој да му пише, или е некој чија реакција е „Еј, супер! Сандра ми пиша. Многу е интересна.“ Тука се зависи од погледот кон работите и од тоа дали сте на иста бранова должина.

Ако ви врати за неколку минути

Ова е нормално за повеќето луѓе кои имаат чувства еден за друг, бидејќи значи дека не дремат со телефонот во рака, но го проверуваат доволно често за да видат да не случајно некој важен (вие) им пишал. Или тоа, или спие на телефон, но чека да поминат барем 5 минути пред да врати за да не изгледа премногу очајно.

Ако ви врати еден час подоцна

Повторно и овој случај е сосема нормален. На сите ни се случува понекогаш да видиме дека некој ни пишал, но сме премногу изморени и не сакаме да вратиме веднаш, или едноставно ни е потребен одмор од каква било интеракција со луѓе. Како и да е, сепак е во границите на нормалата и можете да бидете сигурни дека тој е заинтересиран за вас.

Ако секогаш ви враќа во истиот временски интервал точен како часовник

Сте забележале ли некогаш дека некој ви враќа точно за 67 минути и тоа секогаш се случува? Постои можност да се работи за случајност, но можно е и да прочитал некаде дека 67 минути е идеалното време да се врати на порака ако сака да ја освои девојката. Во секој случај, станува збор за благо опсесивно компулсивно нарушување за кое вреди да поразговарате.

Ако понекогаш ви враќа веднаш, но се случува да ви врати и 12 часа подоцна

Ако почесто се случува да ви врати веднаш, а тогаш кога ви вратил подоцна имал добра причина за тоа, тогаш нема за што да се грижите. Но, ако тој не дава никакво образложување зошто толку доцна вратил на пораката, ќе почнете да се чувствувате збунето и да се прашувате дали тој можеби се гледа со уште неколку девојки истовремено. За да не се измачувате себеси, најдобро е отворено да го прашате на што сте.

Ако ви врати наредниот ден

Доколку ова се случи, може да делува малку чудно и загрижувачко но сè уште немојте да кревате паника. Понекогаш се случува луѓето да се премногу зафатени и едноставно да заборават да одговорат на пораките или се премногу уморни и веднаш откако ќе се вратат дома заспиваат, без да остават ни трага ни глас. Се случува, без грижи.

Дознајте што мисли за вас според времето кое му е потребна да ви врати на пораката

Ако ви врати неколку дена подоцна

Ова е малку загрижувачко бидејќи речиси секој човек на планетава „виси“ на телефон 24/7. Така што ако чекал неколку дена да ви одговори, или не сака да помислите дека е премногу заинтересиран за да не изгледа очајно или едноставно не му се допаѓате толку.

Ако ви врати недела подоцна како да работи во сервис за јавни услуги на огромна корпорација

Освен ако пораката не гласи: „Еј, цело мое семејство загина во драматична авионска несреќа“, ова најверојатно значи дека воопшто не е заинтересиран да разговара со вас, но тогаш се почувствувал осамено и си помислил дека една недела е сосема прифатливо време за да си ги проба шансите. Вие не сте на закачалка! Не му одговарајте!

Ако ви врати после толку долго време што вие сте му го избришале телефонскиот број

Ова е дефинитивно едно големо не. Можете да бидете сигурно дека тој воопшто не бил заинтересиран за вас, продолжил понатаму, се гледал со неколку други девојки, раскинал со нив, и една вечер се почувствувал осамено и си рекол: „Еј сè уште го имам бројот на девојкана од пред неколку месеци. Ќе ѝ пратам СМС, сигурно ќе умре од среќа.“ Не. Не паѓајте на ова, заслужувате многу подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Глупости

Остави коментар