Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

Дали ви се случило неколку ноќи по ред да го сонувате истиот сон? Доколку вашите соништа постојано се повторуваат, вашата потсвест можеби се обидува да ви укаже на некој голем проблем кој можете да го дешифрирате. Ниту еден сон не може да исплови од несвесното доколку не постои некој проблем кој навистина постои во јавето. Кошмарите, пак, честопати се последица на некое трауматично искуство или ситуација која му претставува потешкотии на оној кој сонува.

Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

Доколку ви се случува да го сонувате истиот сон неколку пати за неколку дена, месеци или години, тоа е така затоа што потсвеста сака да обрнете внимание на некоја ситуација која го нарушува вашиот психички живот. Експертите советуваат да запишете сѐ што ви се случува во тој период, како се чувствувате и што точно сте доживеале.

Понекогаш таквите соништа се апокалиптични или, пак, проблемите од секојдневието ви се јавуваат на сон, но збогатени со силни емоции и проследени со чувство на парализа. Психоаналитичарите ноќните мори и обичните соништа кои се повторуваат ги сметаат за позитивни. Кога го дешифрирате сонот, неговото повторување може да ви послужи како показател кој ви кажува до каде сте со решавањето на проблемот и каде сте заглавиле. Соништата говорат за внатрешните процеси, ги објаснуваат нашите односи со другите и ги изразуваат нашите стравови и ограничувања.

Најважно е да ја прифатите помошта на вашата потсвест и да се соочите со проблемот. Во продолжение прочитајте го значењето на некои од најчестите соништа што се повторуваат…

Доколку сте голи во сон, размислете за одлуките што ги носите

Ако во сонот се појавувате голи или несоодветно облечени, тоа говори за вашиот страв од некое животно искушение за кое не сте спремни. Експертите советуваат дека по таков сон треба да размислите за одлуките што ги носите и за стравот од посрамотување.

Смртта значи промена на личноста

Доколку често сонувате смрт на блиска личност, тоа е обично знак дека време е да „умре“ некој стар дел од вашата личност. Сѐ што треба да направите е да се прилагодите на моменталната животна фаза.

Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

Телефонска врска која не функционира е знак на проблеми

Ако во сонот не можете да воспоставите телефонска врска или да зборувате со некого, тоа укажува на проблеми во комуникацијата со другите. Обидете се да размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте за тоа.

Ако не можете да закочите, сѐ е надвор од контрола

Доколку често сонувате дека имате проблеми со превозот или не можете да закочите, тоа е знак дека во некој сегмент од вашиот живот работите ви излегле надвор од контрола.

Технички проблеми укажуваат на проблеми со здравјето

Ако често сонувате дека ви се расипал некој уред, автомобил и слично, обрнете внимание на вашето здравје. Сонот може да биде и предупредување за некои пропусти што ги имате во животот. Размислете по кои ситуации го сонувате тоа и откријте ја пораката што сака сонот да ви ја каже.

(3) Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

КАКО ДА ГИ ДЕШИФРИРАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА?

Дневник и чаша вода за сеќавање

По будењето не треба да ја менувате положбата на телото, ако сакате да се сетите на сонот. Клучот на значењето се крие во која било боја, чувство и навидум неважен детаљ. Но, за да го разберете сонот, треба да се сетите на него, а тоа понекогаш е проблем. Затоа експертите советуваат да водите дневник за соништа и да се обидете што е можно подетално да ги опишувате кога ги запишувате.

Бидете отворени кон пораките кои ви ги испраќа потсвеста

Пред да заспиете можете да го изговорите следново: „Свесен сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста“ и на тој начин ќе го олесните сеќавањето на соништата.

Фокусирајте се

За да ја поттикнете обработката на податоците од соништата, добро е да се фокусирате на она што вас ве интересира или мачи. Така полесно ќе се сетите што сте сонувале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар