Должината на вашата дланка открива интересни информации за вашиот карактер

Должината на вашата дланка открива интересни информации за вашиот карактер

Должината на вашата дланка во однос на должината на раката може да открие неколку занимливости за вашиот карактер, како и за вашите таленти и склоности. Ставете ја левата дланка на подлактницата така што палецот да биде покрај лакотот, а средниот прст раширете го што повеќе во обид да ја допрете десната дланка. Ако средниот прст успее да дојде до вашиот зглоб, тоа значи дека имате големи дланки, но доколку е обратно и тој прст не достигнува до зглобот, тогаш вашите дланки се мали.

2-imate-kratka-ili-dolga-dlanka-eve-shto-toa-otkriva-za-lugjeto-www.kafepauza.mk_

Долги дланки

Луѓето со долги дланки се перфекционисти и често се добро концентрирани на малите детали. Ако сте тој тип, тогаш мора да бидете свесни дека перфекционизмот исцрпува и тоа би можело да го почувствувате и на некој аспект од вашиот живот. За вас се знае дека сте добар работник чија цел му е сѐ да сработи како што треба.

Дури и кога имате рок во кој морате нешто да направите, попрво ќе го забрзате темпото на работа и ќе се откажете од паузите, отколку квалитетот на она што го правите да биде ставен во прашање.

Многу сте чувствителни на критиките, импулсивни сте и често знаете да претерате, но вие сте свесни за сето тоа. Добро се сложувате со другите луѓе, дури понекогаш до таа мера што се занемарувате себеси.

Кратки дланки

Луѓето со мали дланки имаат слободен дух и не можат да ја дочекаат следната авантура. Сакаат да ризикуваат, па дури и многу уживаат во тоа. Ако сте човек со такви дланки, тогаш мора да знаете дека сте многу способни во решавањето на проблемите.

Во состојба сте да ги решите и оние најтешките и најкомплицираните проблеми, од кои другите брзо се откажуваат, бидејќи сметаат дека не постои решение. Драмата во животот ви е движечка сила, па често можете да се најдете и во односи во кои има многу драма, подеми и падови, силни емоции…

Дополнителни информации:

Во облик на квадрат – Практични сте и големи логичари. Вие сте добри математичри, но вашата интуиција е лоша.

Во облик на правоаголник – Брзо ги решавате проблемите, имате силна интуиција, го слушате она што го чувствувате.

Долга дланка во облик на квадрат – Чувствителни сте и сакате авантури.

Долги прсти – Имате необичен карактер.

Кратки прсти – Вие сте родени лидери.

Додека сме кај дланките, погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар