До сите девојки: Што мислат момците за вашите претерано фотошопирани селфиња?

Можете ли да се сетите кога последен пат сте објавиле селфи без барем малку да го обработите на Фотошоп? Не ве обвинуваме дека на сите фотографии изгледате како секси вонземјанки, но сигурно ставате по некој филтер на сликите пред да ги објавите. Исто како што постојат мажи на кои не им се допаѓаат жените кои премногу се шминкаат, така постојат и мажи на кои не им се допаѓа кога жените користат премногу Фотошоп. Тоа не значи дека треба да го менувате вашето однесување, само треба да станете свесни за впечатокот што го оставате кај спротивниот пол.

До сите девојки: Што мислат момците за вашите претерано фотошопирани селфиња?

Па, дали постојат мажи кои не можат да им одолеат на секси селфињата кои биле фотошопирани до заборав? Дали постојат мажите на кои воопшто не им се допаѓаат обработените фотографии? И дали мажите воопшто забележуваат кога додавате филтри на вашите селфиња? Прочитајте ги нивните искрени мислења, за да го дознаете одговорот на овие прашања…

„Зависи од тоа колку многу е обработено селфито. Не сум голем љубител на вештачките работи, но разбирам ако додадете по некој филтер за да го поправите лошото осветлување.“

„Ако селфито е фотошопирано на тој начин што изгледа креативно и уметнички, тоа е супер. Но, во основа, не ми е грижа што прават со селфињата. Нивен е изборот како ќе се прикажат во јавност.“

„Она што е прикажано на селфито можеби би ме натерало да стекнам одредено мислење за девојката, но кога станува збор за фотошопирањето, тоа зависи од начинот на обработка. Ако девојката ја обработила фотографијата на тој начин што си додала уши од мачка на главата, тогаш нема да имам добро мислење за неа. Но, ако користела Фотошоп за да си го изедначи тенот, веројатно не би ни забележал.“

„Не ми пречи. Нејзина фотографија, нејзин избор. Јас само се обидувам да ја прифатам во целост личноста што стои пред мене.“

„Не ми се допаѓа! Сакам кога жените се природни. На мажите би требало да им се допаднете поради вашата природна и вистинска убавина. Не се менувајте само затоа што некои мажи се идиоти.“

До сите девојки: Што мислат момците за вашите претерано фотошопирани селфиња?

„Не ми е важно. Нека го прават она што ги прави среќни и самоуверени.“

„Никогаш не сум забележал дали некое селфи е обработено и мислам дека не би забележал дури ни ако се сконцентрирам на тоа.“

„Дали воопшто би требало да се заморувам околу тоа што прават луѓето со нивните фотографии? Се однесуваме како селфињата да се некој вид културен феномен, но луѓето го прават тоа уште од тогаш кога масовно се појавија камерите на пазарот. А луѓето ги обработуваат фотографиите уште од тогаш кога се појави можноста за дигитално едитирање. Ништо од ова не е ново.“

„Претпоставувам дека ова прашање се поставува поради некои несигурни момци кои ја отвориле устата за да се пожалат од нечии селфиња. Сигурен сум дека најдобро ќе им одговориме ако едноставно го игнорираме таквото однесување додека не им здодее да негодуваат и не си најдат поважна работа за правење.“

„Не сум сигурен дали би забележал дека некое селфи било обработено. Мислам дека повеќе би забележал доколку некој постојано ги бара совршените агли и осветлување за да си ги покаже само најубавите црти на лицето. Понекогаш се збунувам кога ќе ги сретнам тие луѓе во живо.“

До сите девојки: Што мислат момците за вашите претерано фотошопирани селфиња?

„Жените треба да ги објавуваат селфињата што им се допаѓаат и што им помагаат да се чувствуваат подобро.“

„Сите селфиња, дури и оние смешните, ми делуваат многу нарцисоидно. Но, не ми пречат бидејќи не се многу поразлични од ставањето шминка или туширањето, на пример.“

„Не ни знаев дека може да се обработуваат селфињата. Колку често се случува ова? Дали зборуваме за глупавите филтери на Снепчет?“

„Немам проблем со тоа. Ако фотографијата е добра, ќе се восхитувам на нејзините вештини и креативност.“

„Ако станува збор за привлечна девојка според стандардните критериуми за убавина која не ја познавам лично, само ќе ги превртам очите. Тоа е исто како да се фали некој со тоа колку склекови може да направи или колку брзо може да ја намести Рубиковата коцка. Тоа е како да слави поради тоа што добила на генетската лотарија што според мене е многу претенциозно. Ако станува збор за девојка која не се смета за убава според конвенционалните стандарди, се насмевнувам и си помислувам дека оваа личност ја познава вредноста на оригиналноста. Најхрабри се луѓето кои не се срамат од сопствениот изглед и покрај тоа што живеат во свет кој би ги избришал додека да трепнете.“

„Мислам дека никогаш не сум забележал дали некое селфи било фотошопирано.“

Во продолжение дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар