Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

Фиренца, Прага и Лондон со нивните планетариуми, астрономски часовници и огромни библиотеки се совршен избор за патниците кои сакаат да продрат подлабоко во мистериите на астрономијата и потеклото на времето. Еден таков град, полн со научни откритија не е дел од листата на белосветски патници. Имено, се работи за гратчето Левен во Белгија. Овој универзитетски град е местото каде што во 1931 година отец Жорж Леметр, белгиски католички свештеник, ја напишал хипотезата за почетоците на универзумот. Со други зборови, Левен е местото каде била родена теоријата за Биг Бенг, или како што Леметр го нарекол својот концепт, „денот без вчера“.

Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

Таткото на теоријата за Биг Бенг

Во 1930-тите теоријата на Леметр била едноставно незамислива за неговите современици, вклучувајќи го и Алберт Ајнштајн кој ја отфрлил неговата претпоставка дека универзумот се шири.

Во тоа време, физичарот му рекол: „Твојата математика е точна, но твојата физика е ужасна.“

Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

Средба помеѓу Алберт Ајнштајн и Жорж Леметр во Калифорнија, 1933 година.

Роден во 1894 година, Леметр уште на 9-годишна возраст знаел дека ќе биде свештеник и научник. Првин се обучил како градежен инженер, а потоа продолжил на студиите по математика на Католичкиот универзитет во Левен каде што на крајот станал професор. Додека ја идентификувал врската помеѓу теоријата на релативност на Ајнштајн и ширењето на универзумот, истовремено се подготвувал и да стапи во служба на епархиското свештенство. Подеднакво го интересирала вистината за човековото спасение, но и вистината од научен аспект. Неговата поврзаност со папата станала толку важна што Леметр бил избран од папата Пиј XI за член на Папската академија за науки во Ватикан, а во 1960 година станал нејзин претседател.

Во потрага по Леметр

Ликот на Леметр и не е толку популарен во белгиското гратче, па затоа оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за него, треба да знаат каде да бараат. Неговата извајана статуа се наоѓа во дворот на колеџот кој некогаш бил седиште на Институтот за физика на Католичкиот универзитет во Левен.

Дали знаевте дека во ова гратче се родила теоријата за Биг Бенг?

Наследството на Левен

Покрај Леметр, во ова мало гратче живееле и работеле и многу други научници кои дале значаен придонес во развојот на науката. Градоначалникот на Левен, Мохамед Ридујани, смета дека гратчето е поврзано со историјата преку долгата нишка на брилијантните умови кои живееле тука и нивната иновативност.

„Клучниот збор е иновацијата, а уште од средниот век Левен бил безбедно место каде научниците слободно ги изразувале своите идеи“, вели Ридујани. „Овде живеат околу 100.000 луѓе, но повеќе од 60.000 се студенти. Тоа остава голем простор за поттикнување на имагинацијата.“

Откако прочитавте каде била откриена теоријата за Биг Бенг, можеби ќе сакате да прочитате и 11 неверојатни факти за Млечниот пат.

Извор: nationalgeographic.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар