Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Иако во моментов температурите се прилично ниски, сепак европското сонце е доволно за да нè стопли во некои од европските градови. Проверете во продолжение кои европски градови се најтопли во зима.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Тирана, Албанија

Главниот град на Албанија некогаш бил познат по многубројните бункери. Денес освен со бункери, градот изобилува и со градби во разни бои (под силно влијание на отоманската и советската ера). Овде температурите во зима се повеќе од пријатни, а во декември просекот е околу 15 степени. Секако, можете да се упатите и на југ до Драч каде температурата на морската вода е околу 16 степени.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Рим, Италија

Рим е една од најдобрите дестинации во кое било време. Ако сакате да стигнете до брегот, ќе ви треба половина час, а температурата на водата е прилично топла. Доколку не сте по зимско капење во море, можете да уживате во топлината на убавите зимски римски денови во едно од кафулињата на Трастевере.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Атина, Грција

Доколку се одлучите да патувате во Атина за време на зимската сезона, можете да го посетите Акропол и да дознаете нешто повеќе за богатата грчка историја. Но, со оглед на температурите, можете да уживате и на плажа. Просечната температура на воздухот е 17 степени, а на морето дури три степени повисока. Од сите градови на оваа листа, Атина го држи рекордот на најмногу сончеви денови (дури 268) во годината.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Лисабон, Португалија

Главниот град на Португалија, но и околниот регион Каскаис се карактеризира со иста просечна температура како и Атина. Бројот на сончеви денови изнесува околу 226, а температурите близу до 20 степени го прават Лисабон посакувана дестинација дури и во зима. Секако, поканата за зимско морско капење важи и за Лисабон, со температура на водата околу 19 степени.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Валета, Малта

Доколку сте од оние на кои им сонцето и високите температури им се повеќе од неопходни тогаш Валета е вистинскиот избор за вас. Во декември температурата на морската вода е околу 20 степени, а на воздухот само еден степен пониска. Валета има околу 230 сончеви денови, па тешко дека ќе погрешите доколку решите да ја посетите во зима.

Дали знаете кои се најтоплите европски метрополи во зима?

Откако откривте кои европски градови се најтопли во зима, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите дестинации во Европа за оваа зима.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар