Дали треба „со сила“ да пиете по 8 чаши вода дневно?

За сите оние што се борат со пиење на препорачаната дневна доза од 8 чаши вода дневно, научниците имаат добри вести – ова правило не важи за сите! Според експертите, многу е поважно да научите како да го слушате вашето тело за самите да ја одредите потребната количина течности што му е потребна. Иако ова звучи многу неодредено, австриските научници потврдиле дека во истиот момент штом вашето тело нема веќе потреба од вода, вам ќе ви биде потешко да голтате. Сè што треба е да научите како да ја препознавате оваа состојба бидејќи клучно е да го правите само она што вашиот организам го бара. Тоа значи и дека треба да пиете вода кога сте жедни, а не по однапред утврден распоред.

Дали треба „со сила“ да пиете по 8 чаши вода дневно?

Научниците за потребите на ова истражување побарале од 20 испитаници да пијат вода во две ситуации – по напорно вежбање, кога биле многу жедни, и потоа уште еднаш, кога не биле жедни и морале со сила да се тераат. Тие откриле дека во втората ситуација, испитаниците морале да дадат трипати повеќе напор за да ги испијат последните голтки, што е јасен знак дека телото реагира негативно на претераната консумација вода така што ви прави да ви е потешко да ја внесувате. Тоа значи дека иако не треба да заборавите целосно на правилото за 8 чаши вода на ден, ако некогаш ви се чини како да ви е потешко да голтате, престанете и обидете се повторно подоцна. Ова правете го сè додека не научите како самите да го слушате телото и да реагирате во однос на неговите потреби.

Не можете воопшто да се натерате да пиете вода? Погледнете ги и овие 13 интересни начини како да внесувате повеќе течности во вашиот организам…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар