Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Од прекрасните градби во Милано, до прекрасната и бујна долина Вале Камоника, тројца жители на Ломбардија ги издвоија убавините на нивниот регион од Северна Италија.

Ако се подготвувате да патувате во Ломбардија кога ќе ви дозволат можностите за патување, еве неколку или повеќе корисни совети затоа што често е најдобро да научите слушајќи ги локалните жители.

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Емилија Антонија Де Виво е архитект и живее во Милано осум години, а таму се преселила од друга метропола – Лондон. Мисли дека ова е единствениот италијански град во кој живеете во меѓународен ритам, а во исто време се овозможени сите одлични работи што Италија ги нуди. Вистинската револуција тука започнала во 2015 година, со одржување на саемот ЕКСПО, и оттогаш ИТ-индустријата постојано се развива. Сè е подобрено, од транспорт до реконструкција на населби како Порта Гарибалди и Тортона. Таа обожава да посетува места познати по својот стил, дизајн и модерна архитектура. Смета дека одењето во новиот универзитетски кампус и ручекот во ресторанот „Потафиори“ е идеален ден.

Елио Уберти е уметник кој цел живот бил во провинцијата Бреша, која е голема, многу тесна, но долга и се протега од долината на реката По, сè до планините. Се граничи со езерото Гарда, но и со езерото Исео. Исто така, покраината вклучува дел од Францијакорт каде што 140 лозја произведуваат пенливо вино, што според него, слободно може да се спореди со француското. Тој го обожава езерото Гарда. Вели дека постојат места како Сирмиона, каде што можете да се опуштите во римска вила со термални базени. Долината Вале Камоника е една од најдолгите алпски долини во Европа. Купил мала куќа во близина на селото Вестоне, северно од градот Бреша затоа што отсекогаш сакал да има свое катче овде.

Алесандро Занони е графички дизајнер и фотограф кој живеел цел живот во Ломбардија: Мантова, Милано, Кремона, но и во мали градови во долината на реката По. Му се допаѓа пејзажот, рамен, со дрвја на брегот, топли лета и влажни и магливи зими. Тоа е меланхолично, па не е ни чудо што Антониони и Бертолучи, познати италијански режисери, го поминале времето тука. Исто така, тој го сака регионот поради уметноста. Семејството Гонзага, кое владееше со Мантуа, ги донесе најголемите таленти на ренесансата да создаваат во градот. Дури и денес, фокусот е ставен на храната, па дури и во селата „живеат“ познати ресторани како Траторија Де Алба во Пјадена, неговиот роден град. Ако можете да си го дозволите тоа, Дал Пескаторе во Кањето сол’Оглио е еден од единаесетте италијански ресторани кои можат да се пофалат со три Мишелин ѕвезди.

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Дали ова е најубавиот регион во Италија?

Прочитајте за ова место во Индија кое изненадува со своето шаренило, но и со една необична приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар