Дали мислите дека се бакнувате добро?

Бакнежот е важен дел од врската, а прашањето дали мислите дека се бакнувате добро не е поставено без причина. Многу луѓе не знаат кои бакнежи се најбарани, па потоа не им е јасно зошто после првиот бакнеж, никогаш повеќе не ја виделе личноста што ја бакнале.

Дали мислите дека се бакнувате добро?

Поради ова, била направена анкета за квалитетот на бакнежите и за најпосакуваните видови бакнежи. Секој втор испитаник кажал дека страста е неизбежен елемент кај совршениот бакнеж.

За 45% од испитаниците, важен бил нежниот допир на усните, а 22% од нив не сакале превлажен бакнеж, ниту бакнеж што е премногу гласен.

Од анкетираните самци, 63% би одбиле бакнеж од личност која консумирала алкохол, најмногу бидејќи помалку им се гадело. Доколку бакнежот не бил многу успешен, испитаниците изјавиле дека тоа и не е толку голем проблем.

Имено, 41% изјавиле дека со задоволство би го подучиле партнерот за уметноста на бакнувањето, а 40% кажале дека не придаваат преголема важност на тоа. Наспроти ова, 7% од испитаниците одговориле дека се подготвени веднаш да ја прекинат врската доколку првиот бакнеж не им бил доволно уверлив и охрабрувачки.

Воглавно, советот е навистина едноставен – прилагодете се на партнерот и бакнувајте се што почесто и што повеќе!

Прочитајте ги и овие симпатични факти за бакнувањето кои малкумина ги знаат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар