Дали мачките навистина го намалуваат стресот?

Дали мачките навистина го намалуваат стресот?

Ако дома чувате мачка, сигурно ви се познати позитивните ефекти од неа. Но ако никогаш не сте имале мачка, веројатно не го знаете или не верувате во фактот дека тие навистина го намалуваат стресот. Доказите зад овој факт се толку убедливи што веднаш ќе посакате да вдомите некое маче.

Дали мачките навистина го намалуваат стресот?

Иако самата идеја дека мачките го намалуваат стресот звучи навистина смешно, едно истражување од 2009-та година покажало дека овие миленичиња го намалуваат ризикот од мозочен излив и срцев удар за една третина.

Истражувачите разгледувале податоци од над 4.000 луѓе на возраст помеѓу 30 и 75 години во текот на 10 години. Околу половина од испитаниците, или сега или некогаш чувале мачки, додека другата половина никогаш не чувала мачка. По анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека луѓето кои чувале мачки имале 30% помали шанси да умрат од инфаркт или мозочен удар за разлика од другите. Ова важело дури и кога предвид се земале факторите како пушење, дијабетес, здравје на срцето и ниво на холестерол.

Професорот Аднан Куреши, истражувач од Универзитетот во Минесота изјавил дека и тој и неговиот тим биле изненадени од податоците.

„Логичното објаснување е дека чувањето мачка ги намалува стресот и анксиозноста, со тоа намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања. Галењето на миленичето може да го намали нивото на хормоните на стрес во крвта.“

Со други зборови, со самото тоа што го галите вашето маче го намалувате стресот, па дури и се штитите од долгорочни проблеми со здравјето.

Покрај тоа, според Челси Хадсон, терапевт од Чикаго, галењето на мачето не само што биолошки го смирува нервниот систем, туку предизвикува чувство на поврзување. Ова го намалува стресот бидејќи интимната врска прави да се чувствувате помалку осамено. Хадсон исто така истакнала дека мачките се лојални суштества кои нудат безусловна љубов и можат да го намалат стресот со тоа што нудат место за бегање и љубов.

„Чувањето мачка им дава на луѓето чувство на припадност и им помага да се оддалечат од секојдневните проблеми.“

Ако повеќе ги сакате кучињата, постои истражување што докажува дека и чувањето куче може да има сличен ефект. Истражување од 2017-та година покажало дека чувањето куче е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Истражувачите истакнале дека кучињата најверојатно го имаат овој ефект врз нас бидејќи ни нудат социјална поддршка и мотивација за физичка активност. Ова има долгорочни позитивни ефекти на здравјето.

Па, чувањето мачка или куче навистина може да ви го продолжи животот.

Дали знаете како мачките ја покажуваат нивната љубов кон вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар