Дали луѓето се плашат од вас? Дознајте зошто е тоа најдобриот комплимент што можете да го добиете

Дали луѓето се плашат од вас? Дознајте зошто е тоа најдобриот комплимент што можете да го добиете

Супер е кога некој ќе ве нарече прекрасни, талентирани, забавни и паметни. Сите уживаме во ваквите комплименти. Но, одвреме-навреме се случува да добиете еден малку поинаков комплимент, кој веројатно не сте сигурни како треба да го прифатите. Дали ви се случило некој да ви каже дека се плаши од вас? Иако не звучи како нешто позитивно, сепак вашата гордост расте кога ќе го чуете тоа од некоја необјаснива причина. Тоа е така, затоа што ова е всушност најдобриот комплимент што можете да го добиете! Па, што значи тоа ако луѓето се плашат од вас? Во продолжение, дознајте го значењето на овој комплимент…

Дали луѓето се плашат од вас? Дознајте зошто е тоа најдобриот комплимент што можете да го добиете

Луѓето не можат лесно да ве импресионираат

Кога последен пат некој кажал нешто што ве оставило без зборови? Сигурно не можете да се сетите. Дали се смеете на глупости? Секако дека не! Вие им се допаѓате на луѓето што ги запознавате затоа што оставате впечаток на интересна личност. Но, кога сте воодушевени, знаете како да го покажете тоа. Луѓето го забележуваат тоа и веднаш им станува јасно дека не се оптоварувате со туѓите проблеми и не се обидувате да глумите нешто што не сте.

Недостапни сте

Но, тоа не е ваша вина! Вие сте недостапни затоа што повеќето луѓе воопшто не се интересни и не сакате да си губите време на бесмислени разговори со поединци кои си се смеат на сопствените шеги. Муабетите за времето и озборувањата воопшто не ве интересираат и вашата незаинтересираност се толкува како недостапност.

Не се вознемирувате поради нештата што не можете да ги контролирате

Не им дозволувате на луѓето, местата и нештата што не можете да ги контролирате да ви го уништат животот. Вие сте човечко суштество со чувства кои сакате да ги доживеете и воопшто не се обидувате да ги скриете. Оваа отвореност може да ги исплаши луѓето и да ги наведе на размислување. Тие ќе почнат да се преиспитуваат и да се сомневаат во нивниот начин на однесување што дотогаш го сметале за правилен.

Дали луѓето се плашат од вас? Дознајте зошто е тоа најдобриот комплимент што можете да го добиете

Зрачите со натчовечки способности

Вие се однесувате нормално, но постои нешто мистериозно во врска со вас што предизвикува страв кај околината. Кога ќе влезете во некоја просторија, веднаш ослободувате посебна енергија која луѓето ја чувствуваат и реагираат на неа. Бидете свесни за вашето влијание и сила. Немојте да се повлекувате, туку гордејте се со вниманието што го привлекувате.

Луѓето сакаат да ви бидат пријатели

И покрај тоа што се плашат од вас, луѓето сакаат да бидат во ваше друштво. Ова е добро, бидејќи во спротивно вашиот живот би бил многу осамен. И покрај тоа што уживате да поминувате време сами, мора да признаете дека понекогаш и вам ви треба друштво. Но, важно е да знаете дека ако сакате да се спријателите со некого, веројатно ќе треба да го направите првиот чекор, бидејќи ретко кој може да собере храброст и да ви пријде.

Во продолжение прочитајте и зошто силните жени на кои не им е потребен никој ги плашат луѓето околу нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар