Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell)

Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell)

Мејџор е прва од својот вид: Човечки ум во кибернетичко тело чија мисија е да го штити светот од најопасните криминалци

(1) Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell)Режија: Руперт Сандерс

Улоги: Скарлет Јохансон, Пилоу Асбек, Такеши Китано

Времетраење: 107 минути

Премиера: 30 март 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, криминал, драма, научна фантастика

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 5,67 од 10)
Loading...

 

Дејството во овој филм се случува во блиска иднина, на некој начин во еден вид дистопија, кога Јапонија е светска сила, а Америка повеќе не постои. Приказната за Мејџор (Скарлет Јохансон), главниот лик, наликува малку на Робокап – за да ја спасат од смрт, нејзиниот човечки мозок бил пренесен во кибернетичко тело, на тој начин правејќи ја една од најнапредните специјални оперативци во Одделот 9, антитерористичка единица составена исклучиво од кибернетички надградени емигранти. Бидејќи таа била спасена, сега се очекува од неа да продолжи со спасувањето. Но дали е слободна како што мисли или нејзиниот живот му припаѓа на некој друг?

(5) Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell) (4) Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell)

Да преминеме на главното дејство. Сигурно веќе знаете дека инспирацијата за овој филм е видео играта со исто име, како и аниме серијата и останатите приказни што подоцна биле напишани на истата тема. Сепак, иако се искористени некои клучни моменти од нив, филмот има сосема уникатна приказна што го издвојува од останатите. Од друга страна пак, иако се појавија многу критики за одбирањето на актерка што не е Азијатка за главната улога, сепак Скарлет Јохансон брилијантно ја претставува Мејџор и ја оживува на начин на кој досега не сме имале можност да го видиме. Таа делува доволно футуристички, за да нè одведе во поинаков свет, но и доволно реално за да си помислиме дека во иднина би можела да постои.

(3) Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell) (2) Филм: Дух во школка (Ghost in the Shell)

Иако Мејџор е опколена со надградени човечки соборци, сепак не може да не се почувствува различно од нив. Тоа дополнително ќе ѝ влијае кога на една од нејзините мисии, ќе сретне мистериозен терорист-хакер и ќе почне да доживува грешки што ѝ укажуваат на голема мистерија околу неа. Што точно ќе открие таа, оставаме на вас самите да дознаете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар