Дали додатоците во исхраната всушност ни штетат?

Знаеме дека на нашето тело секојдневно му се потребни доволно витамин и минерали. Тие ни помагаат да го намалиме ризикот од многу здравствени проблеми и да ја подобриме функцијата на органите. Но наводно, овие материи би требало да ги внесуваме преку исхраната, а не преку додатоци.

Дали додатоците во исхраната всушност ни штетат?

Научниците од Универзитетот Туфтс сметаат дека не постои никаква поврзаност помеѓу витаминските додатоци во исхраната и намалувањето на ризикот од прерана смрт. Тие спровеле истражување во кое учествувале над 30.000 луѓе постари од 20 години, и тоа во период од 1999-та до 2010-та година.

Резултатите покажале дека луѓето кои внесуваат доволно витамин и минерали, сепак имаат помал ризик од рана смрт, како и од разни кардиоваскуларни болести. Но, ова не важело за луѓето кои ги консумирале овие материи со помош на додатоци.

Едно истражување од 2017-та година покажало и дека преголемото консумирање витамин Б, двојно го зголемува ризикот од рак на белите дробови кај мажите.

Па најдобро е да заборавите на додатоците во исхраната, да се храните природно и ќе бидете многу поздрави.

Доколку сепак сакате да земате додатоци во исхраната, потребно е да ги знаете овие нешта.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар