Цитати од серијата „13 причини зошто“ (13 Reasons Why) за подигнување на свеста за менталното здравје

Цитати од серијата „13 причини зошто“ (13 Reasons Why) за подигнување на свеста за менталното здравје

13 причини зошто“ ни ја раскажува приказната за Хана Бејкер, млада девојка која полека почнува да се дави во болката предизвикана од малтретирање и предавство, за на крај да си го одземе сопствениот живот оставајќи колекција аудио снимки.

Цитати од серијата „13 причини зошто“ (13 Reasons Why) за подигнување на свеста за менталното здравје

Иако на прв поглед изгледа како целото дејство да е фокусирано на трагичен настан, приказната е полна со позитивни пораки и има за цел да ја подигне свеста за непреземањето ништо во врска со менталните нарушувања.

Серијата привлече многу критики за својот „сликовит“ приказ на проблеми како самоубиство и силување. Но, серијата ги предизвикува тинејџерите, па дури и возрасните, добро да размислат за секоја своја одлука и начинот на кој таа би влијаела. Па, прочитајте некои од најдобрите цитати од оваа серија.

„Понекогаш работите само ти се случуваат. Само се случуваат. Не можеш да направиш ништо. Но, важно е она што ќе го направиш следно. Не она што се случува, туку она што ти ќе го направиш во врска со тоа.“ – Хана

„Не можеш да ги вратиш нештата како што биле. Како што си мислел дека биле. Сè што навистина имаш е… сега.“ – Хана

„Не знаеш што се случува во ничиј живот освен во твојот.“ – Хана

„Понекогаш нема што да се прави освен да се продолжи понатаму.“ – господин Портер

„Тешко е да се разочараш кога она што го очекуваш излегува вистина.“ – Хана

„Ја чинев нејзиниот живот бидејќи ми беше страв да ја сакам.“ – Клеј Џенсен

„Кога се обидуваш да спасиш некого и ќе сфатиш дека не можеш да допреш до него, зошто би му го фрлил тоа некогаш в лице?“ – Хана

„Обично кога една личност има ѕвездена слика, друга личност чека да ја уништи. Чека да се покаже тој фатален недостаток.“ – Хана

Прочитајте ги и овие моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар