Цитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираат

Цитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираат

Досега веројатно имате слушнато за персискиот поет Руми. Неговата мудрост никогаш не била ограничена од национални или културни граници, а неговиот поглед кон светот ни е навистина потребен во овој период на омраза и војни. Во продолжение прочитајте некои од неговите најдобри цитати кои навистина имаат моќ да ве инспирираат.

Цитати од персискиот поет Руми што вистински ќе ве инспирираат

„Немојте да тагувате. Сè што ќе изгубите се враќа во друга форма.“

„Вчера бев паметен, па сакав да го променам светот. Денес сум мудар, па се променувам себеси.“

„Родени сте со крилја, па зошто сакате да лазите низ животот?“

„Сè што е направено убаво, направено e за очите на оној којшто гледа.“

„Зошто да бидам несреќен? Секој дел од моето битие е во полн цут.“

„Повишете ги вашите зборови, а не гласот. Дождот прави цвеќињата да растат, а не громот.“

„Игнорирајте ги оние кои ве прават исплашени и тажни, кои ве деградираат кон болест и смрт.“

„Има свеќа во вашето срце подготвена да разгори. Има празнина во вашата душа подготвена да биде исполнета. Ги чувствувате, зарем не?“

„Зборовите се изговор. Внатрешната врска е онаа којашто ги привлекува луѓето едни кон други, не зборовите.“

„Збогувањата се само за оние кои љубат со нивните очи. Бидејќи за оние кои љубат со срцето и душата не постои нешто како разделба.“

„Знам дека си уморен но дојди, ова е патот.“

„Раната е местото од коешто светлината влегува во вас.“

„Каде и да сте и што и да правите, бидете вљубени.“

„Причината е немоќна во искажувањето на љубовта.“

„Треба да го кршите вашето срце сè додека не се отвори.“

„Болките што ги чувствувате се гласници. Слушајте ги.“

„Вашето срце е големо колку океан. Пронајдете се себеси во неговите скриени длабочини.“

„Сакам да пеам како што пеат птиците, без грижа кој слуша или што мисли.“

„Лавот изгледа најдобро кога бара храна.“

„Сè уште не знаете? Вашата светлина е онаа која ги осветлува световите.“

„Љубовта е мостот помеѓу вас и сè.“

„Да го славите сонцето значи да ги славите вашите очи.“

„Танцувајте сè додека не се распарчите.“

„Зошто останувате во затвор кога вратата ви е толку ширум отворена?“

„Како што ќе почнете да одите по патот, патот ќе се појави.“

„Она што ве повредува, ве благословува. Темнината е вашата свеќа.“

„Затворете ги очите, вљубете се, останете таму.“

„Ако светлината е во вашето срце, ќе си го најдете патот до дома.“

„Ова е суптилна вистина. Она што го сакате тоа сте.“

Прочитајте ги и овие моќни совети од Руми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар