Читајте ја етикетата: 4 опасни состојки кои најчесто се кријат во шампоните

Многу луѓе ја мијат косата секојдневно, но шампоните кои ги користиме денес се релативно нова работа која може на вашата коса да ѝ направат поголема штета отколку корист. Не треба, секако, потполно да се откажете од миењето на косата, туку само внимателно да прочитате што пишува на етикетата, бидејќи понекогаш вашиот омилен шампон со мирис на кокос може да содржи некои супстанци кои ниту малку не им пријаат на вашите влакна.

1-chitajte-ja-etiketata-chetiri-opasni-sostojki-koi-najchesto-se-krijat-vo-shamponite-www.kafepauza.mk_

Зошто е важно со што ја миеме косата?

Затоа што нашето тело апсорбира поголем дел од супстанците кои се наоѓаат во шампонот. Коренот на косата е првото место на кожата низ кое поминува шампонот, а кога низ крвните садови и пори ќе пројдат состојките од шампонот, може да дојде до сериозни компликации, предупредуваат експертите. Следуваат здравствените проблеми кои можат да настанат со употреба на шампонот.

Парабените предизвикуваат рак

Парабените не ги наоѓаме само во шампоните, туку и во скоро сите козметички производи, како што се шминката, лосионите и препаратите за бричење. Освен тоа што ја иритираат кожата, влијаат и на балансот на хормоните во телото. Парабените, исто така, доведуваат до оштетување на репродуктивните органи и уништување на ткивата, а во истражувањето кое било спроведено на 40 жени кои биле подложени на мастектомија по ракот на дојката, бил пронајден парабен во 99% од примероците. Иако можеби не предизвикува рак на дојката, научниците веќе 20 години го поврзуваат парабенот во директна врска со оваа опасна болест.

2-chitajte-ja-etiketata-chetiri-opasni-sostojki-koi-najchesto-se-krijat-vo-shamponite-www.kafepauza.mk_

Натриум-лаурил сулфатот може да ја уништи вашата ДНК

Овој сулфат е синтетички детергент кој се додава во шампоните за тие да создаваат богата пена, која дава чувство дека вашиот шампон ефикасно ја мие вашата коса. Хемикалиите кои се додаваат во шампоните создаваат меурчиња, а вие сте под впечаток дека штом е пената побогата, шампонот е поквалитетен и ја мие косата подобро. А тоа не е вистина. Сулфатите ја впиваат маснотијата од темето и кога вашиот организам ќе почувствува дека му недостасуваат маснотии, започнува во нивно масовно производство, велат докторите. Парабените и сулфатите во повеќето европски земји се забранети, бидејќи влијаат и на промената на ДНК.

Мирисот не е вистински како што пишува на амбалажата

Мирисот кој го чувствувате во шампонот, секако не е природен, туку најчесто доаѓа со петрохемиска преработка. Фталатите од кои потекнува мирисот на шампонот, влијае многу негативно на растот и развојот на децата, особено на бебињата во стомакот кај мајките кои имале зголемено ниво во организмот. Исто така, поврзани се и со репродуктивните проблеми, особено кај мажите и проблеми со асмата.

3-chitajte-ja-etiketata-chetiri-opasni-sostojki-koi-najchesto-se-krijat-vo-shamponite-www.kafepauza.mk_

Ако сте помислиле поради здравјето потполно да се откажете од миењето на косата со шампон, не морате тоа да го правите. Доволно е само добро да ги прочитате состојките во шампонот кои ги пишува на декларацијата. Исто така, не е возможно потполно да ги исфрлите сите токсини и штетни материи, бидејќи освен во шампоните ги има и во средствата за стилизирање и нега на косата. Но, сепак бидете внимателни.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар